Деталните продажни статистики за пазарот во ЕУ покажуваат дека продажбата на електричните автомобили во февруари се зголемила за 77% во споредба со лани. Еден од секои пет продадени автомобили е електричен или со приклучен хибриден погон.
Според официјалните податоци од JATO Dynamics за 26 европски пазари, бројот на новорегистрирани автомобили во февруари се намали за 5,4% на вкупно 794.576 возила. За првите два месеци од годината, пазарот е 3,8% во минус, со вкупно продадени 1.607.321 возила. Фелипе Муњоз, аналитичар во JATO Dynamics, коментира: „Резултатите сведочат за најслаба февруарска продажба во последните четири децении. Пазарот историски се темелеше на висока продажба и ниска заработка, но сега гледаме споротивна ситуација.“
Во февруари, батериските електрични автомобили учествувале со 56% во продажбата на возила со нулта или ниска емисија (електрични, приклучни хибриди, водород). Нивниот пазар порасна за 77% во споредба со истиот месец лани, на вкупно 87.400 возила. Наспроти тоа, продажбата на возила со приклучен хибриден погон (тука не спаѓаат моделите на Toyota, со самополнечки хибриден погон) се зголемила за само 6%, на 67.400 возила.
Масовното пристигање нови модели и постојаните олеснувања за купувачите влијаат за високата побарувачка за батериски електрични автомобили. Главниот носител на продажбата се СУВ моделите, на коишто отпаѓаат 49% од вкупната продажба на автомобили. Муњоз објаснува: „Без пристигањето на конкурентни електрични СУВ, сегментот на батериските електрични автомобили ќе останеше нип-пазар во Европа. Но, благодарение на вложувањата во овие возила, побарувачката продолжува да расте, што помага да се надминат предизвиците со коишто во моментов се соочува индустријата.“
Дизелот во февруари 2022 учествувал со само 21%, наспроти 32% во 2020 година, додека батериските електрични автомобили за две години напредувале од 6 на 20 проценти

СУВ-моделите учествуваат со 51% во продажбата на батериски електрични возила во февруари. Гледано општо во продажбата на целиот СУВ-сегмент, батериските електрични СУВ сепак учествуваат со само 11 проценти. Тоа укажува дека останува голем потенцијал за напредување на продажбата на електричните СУВ модели.
Tesla предводи со пазарот на батериски електрични возила, со 18,1% пазарен удел, пред концернот Volkswagen на чијшто марки отпаѓаат 17,6 проценти од пазарот. Гледано на ниво на марки, Volkswagen сепак ја губи трката од Hyundai и Kia, коишто се втора и трета најпродавана марка соодветно, во сегментот на батериските електрични возила.
Новата генерација на Kia Sportage во февруари постигна 7.417 примероци во 26 држави во ЕУ, со скорешното пристигање на изведбите со хибриден погон се очекува големо зајакнување на продажбата

Успехот на Tesla главно доаѓа од постојаната висока побарувачка за Model 3, којшто е најпродаван електричен автомобил во февруари. Вториот најпродаван модел во сегментот исто така е Tesla, тоа е Model Y. Електричната лимузина на Tesla во февруари била најпродаван BEV-модел во Шпанија, Франција и Германија, додека Model Y води во Австрија, Белгија, Швајцарија, Данска и Велика Британија.
Во општа конкуренција, Volkswagen Golf се врати на првото место со повеќе од 15.000 продадени примероци, што сепак е за 6% послабо отколку лани во февруари. Од моделите во Топ 10, единствено Peugeot 3008 и Hyundai Tucson постигнаа раст во продажбата во февруари.
Сите модели на Toyota се високо на листата на најпродавани модели; Предводи Yaris со 10,626 примероци во февруари, следи Corolla со 9.989 примероци, потоа Yaris Cross со 9.433 примероци, одлично е пласиран RAV4 со 8.265 примероци, заокружува C-HR со 7.873 примероци.

Одлични резултати бележат и Toyota Yaris Cross, Tesla Model 3, Mini Hatch, Opel/Vauxhall Mokka, Hyundai Kona, Kia Sportage, Tesla Model Y и Citroen C4. Од новите модели, Renault Arkana е трет најпродаван модел на Renault, додека Hyundai IONIQ 5 ги престигна Volkswagen ID.4 и Skoda Enyaq. Volkswagen регистрираше над 3.000 продадени примероци од новиот модел Taigo, додека Kia продаде повеќе од 2.000 примероци од електричниот кросовер EV6, европскиот автомобил на 2022 година.
НАЈПРОДАВАНИ БАТЕРИСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ МОДЕЛИ
февруари 2022, ЕУ-26
1 TESLA MODEL 3 9,061
2 TESLA MODEL Y 6,729
3 FIAT 500 3,796
4 KIA NIRO 3,455
5 HYUNDAI IONIQ 5 3,255
6 HYUNDAI KONA 3,032
7 RENAULT ZOE 2,925
8 VOLKSWAGEN ID.4 2,716
9 SKODA ENYAQ 2,687
10 MINI HATCH 2,246
11 VOLKSWAGEN ID.3 2,246
12 BMW I3 2,147
13 KIA EV6 2,040
14 POLESTAR 2 2,014
15 PEUGEOT 208 1,962
16 PEUGEOT 2008 1,895
17 AUDI Q4 1,894
18 DACIA SPRING 1,883
19 RENAULT TWINGO 1,802
20 NISSAN LEAF 1,800
НАЈПРОДАВАНИ ПРИКЛУЧНИ ХИБРИДНИ МОДЕЛИ
февруари 2022, ЕУ-26
1 PEUGEOT 3008 3,611
2 FORD KUGA 2,898
3 BMW SERIES 3 2,891
4 VOLVO XC40 2,505
5 BMW X1 2,355
6 VOLVO XC60 2,131
7 MERCEDES A-CLASS 2,020
8 HYUNDAI TUCSON 1,962
9 CUPRA FORMENTOR 1,958
10 TOYOTA RAV4 1,931
11 MERCEDES GLC 1,840
12 JEEP COMPASS 1,780
13 BMW SERIES 5 1,728
14 MITSUBISHI ECLIPSE CROSS 1,472
15 MG HS 1,282
16 AUDI A3 1,222
17 BMW X5 1,184
18 MERCEDES GLE 1,181
19 MINI COUNTRYMAN 1,179
20 LYNK & CO 01 1,112
















