Тест-возења на салонот ИАА во Минхен ќе нудат 20 марки

Просторот што организаторот на салонот ИАА го има предвидено за посетителите да направат тест-возења на најновите модели уште сега е речиси целосно резервиран, со 20 изложувачи и преку 200 возила што ќе бидат понудени за тестирање.

Пробните возења им се омилени на посетителите на автомобилските салони. За „Тест Драјвс“ на овогодишниот ИАА Мобилити (од 9-ти до 14-ти септември), досега се пријавени 20 компании со преку 200 возила. Бидејќи право да понудат тест-возења имаат само изложувачите на Салонот, бројот од 20 компании е воедно и доказ дека толку производители досега го имаат потврдено присуството. Официјалниот список на изложувачи уште не е објавен.

Според првичните информации, тест-возења на ИАА ќе нудат Фолксваген и Шаопенг (Експенг). Добавувачите исто така ќе им понудат на посетителите тестови на возила во коишто се користат нивните технологии. Од добавувачите се присутни Бош, Мале и Кваклом.

На отворениот простор во центарот на градот ќе изложуваат многу повеќе марки: Ауди, БИД, Купра, Форд, Џенезис, Хјундаи, Липмотор, Лусид, Мерцедес-Бенц, Мини, Полстар, Порше, Смарт и Тог, а секако и Фолксваген и Шаопенг, коишто ќе бидат присутни на двете места. Во центарот на Минхен ќе може да се испробаат и теренците на Кан-Ам.

[the_ad id=”85764″]

На ИАА Самит, на сајмиштето, останува слободно место за само уште еден производител да изложува на Кенигсплац.

Бројот на изложувачи на ИАА Мобилити ќе биде значително поголем, затоа што нема сите да нудат тест-возења. Меѓу изложувачите се и Опел и Рено. Се водат преговори и со други марки.

Претходна објаваНовиот шеф на Ситроен доаѓа од Фолксваген Франција
Следна објаваНе Мерцедес-АМГ, туку Мајбах: СЛ Монограм Серија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here