за

Зошто Honda Jazz е меѓу најиздржливите автомобили што светот ги познава

Honda Jazz по 10 години и преку сто илјади километри има двојно помалку проблеми од Dacia Logan, којашто предничи со дефекти кај 36,8% од возилата.

Градскиот модел на јапонската марка ги има сите предности што се корисни во секојдневието. Honda Jazz е прегледна, просторна, изненадувачки просторна со „волшебната“ задна клупа. Но, тоа што прави јапонскиот џез да биде толку привлечен, тоа е издржливоста на техниката.

Две генерации на Honda Jazz се посебно интересни на пазарот на користени автомобили, едната претставена во 2008 година, втората во 2015 година. Постариот модел, со фабричка ознака GE, донесе мошне свеж и различен концепт во класата на градските автомобили. Jazz II балансира меѓу ван и класична комбилимузина. Тоа овозможува на должина од 3,90 метри да се добие исто толку простор во кабината колку во Polo.

Дополнителен печат дава задната клупа што се впушта во подот, во само еден потег, за пренесување покрупен товар или габаритна спортска опрема. Незамисливо е дека автомобил со толку компактна каросерија може да понуди зафатнина на товарниот простор до 1.384 литри. За тоа да се постигне, меѓу другото и резервоарот е преселен под возачкото седиште. Од тие причини, седиштето е поставено малку повисоко.

Брз како Honda, практичен како Honda Jazz

New item by Automedia MK / Google Photos

Темпераментот исто така е на страната на Honda Jazz. Вообичаено за марката, двата мотори со технологија VTEC, едниот 1.2 со 90 КС, вториот 1.4 со 100 КС, бараат повеќе вртежи за да го покажат вистинскиот темперамент. При пониски вртежи не се случува многу. Меѓу возилата што се произведени по фејслифтот во 2011 година, може да се најде и примерок со благ хибриден погон, што комбинира бензинец со 88 КС и електромотор од 14 КС. Потрошувачка под шест литри не е проблем.

New item by Automedia MK / Google Photos

Најсилната страна е издржливоста. Не постои типичен проблем, заедничка слабост за целата моделска серија. Единствениот проблем доаѓа од туѓа адреса, од производителот на воздушни перници Tanaka. Примероците од Jazz што се произведени пред крајот на моделскиот век, повеќепати беа повикувани во сервисните работилници на Honda, заради замена на генераторите за гас за воздушните перници. Евентуално може да се јават проблеми со автоматскиот менувач, но и тоа е ретко, а може да попушти и релејот за префрлување меѓу долго и соборено светло. Тоа би било сé што може да се наброи меѓу „слабостите“ на Honda Jazz.

Третата генерација на Honda Jazz

New item by Automedia MK / Google Photos

Уште помалку проблеми може да се очекуваат кај поновиот модел, што се произведуваше меѓу 2015 и 2019 година. Моделот од генерацијата GK порасна на четири метри, но остана верен на концептот, на мала површина што ја зафаќа автомобилот да се понуди многу простор. Задната клупа со право е наречена „magic seats“. Кокпитот е изведен педантно и со сопствен печат, сé е изработено чисто и примерно. Систем за самостојно запирање при опасност од судир е во стандардната опрема.

Моторите од 1,3 литар (102 КС) и 1,5-литар (130 КС) не користат турбонаполнење, што е невообичаено за денешните модели. Опционално се вградуваше безстепен менувач CVT. Менувачот работи комфорно, листо, но реагира задоцнето. Кој може да живее со тоа, нема проблем.

Толку е едноставно и оригинално, во еден потег

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Практичноста на кабината е шампионска. Задната клупа дури може да се исправи и на тој начин да се создаде простор за високи предмети, на пример, саксија со украсно цвеќе или комода што е преширока да се легне во багажникот.

Моторите се типични за Honda, со напредна и фина техника, будни и темпераментни. Во споредба со претходникот, Jazz III остава мошне зрел впечаток и попријатен е за подолги патувања. Амортизацијата сепак продолжи да работи малку покруто. Проблематични подрачја не постојат, исто како кај Jazz II. Ако веќе нешто се случува, тоа може да бидат запечени сопирачки на задната оска.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Од германскиот TUV, што уредно ги бележи дефектите кај возилата што доаѓаат на технички преглед, даваат одлични оцени за издржливоста на Honda Jazz. По одделни подрачја, забелешките на експертите се следниве:

ПОДВОЗЈЕ

Неисправности во амортизерите и пружините во двете генерации се неспоредливо поретки од просекот од сите возила. Совршени оцени за погонските оски и за управувањето. TUV практично нема регистрирано дефекти во тие компоненти. Кај возилата над 10 години може да се има појавено корозија, но тоа е надминлив проблем.

СВЕТЛА

Примероците стари меѓу четири и 5 години, на технички преглед во TUV покажале дека проблемите со собореното светло се јавуваат почесто од просекот во класата. Во втората генерација почесто прегоруваат светилките на задните светла. Нема проблеми со трепкачите.

СОПИРАЧКИ

Одлични резултати за сопирачките водови и црева во сите години на производство на Honda Jazz. Сепак не е сé толку сјајно. Кај сопирачките дискови во втората генерација на моделот се јавуваат проблеми почесто од просекот во класата. Делотворноста на паркирната сопирачка е беспрекорна, но кај моделите стари 4 до пет години треба да се проверат „работните“ сопирачки.

ПРОТЕКУВАЊЕ МАСЛО, ИЗДУВ

Апсолутно безгрешно. Ниту протекува масло од малиот јапонски автомобил, ниту пак има пробеми со издувниот систем.

ЗАКЛУЧОК НА ЕКСПЕРТИТЕ НА TUV

Натпросечен број примероци од Jazz минуваат без грешка и во постарите годишта. Ретките случаи на истрошени сопирачки дискови и погрешно насочени светла или прегорени светилки, не ја менуваат оцената, дека Honda Jazz се вбројува меѓу најиздржливите модели. Кај спомнатите недостатоци, станува збор за поправки што не се поврзуваат со големи трошоци. Кај постарите примероци треба да се провери дали се појавуваат траги од корозија.

New item by Automedia MK / Google Photos

СТАТИСТИКА НА ДЕФЕКТИ НА TUV · HONDA JAZZ

Вредностите се во проценти на возила со дефекти во наведената функција или склоп. Вредностите во средната колона се однесуваат на просекот на дефекти на сите возила од класата во наведената функција или склоп. Со црвена боја се нагласени подрачјата во коишто Honda Jazz е послаб од просекот, односно има поголем процент на дефекти.

СОПИРАЧКИ

Дел / Недостаток Години Просек Honda Jazz
Работа на ножната сопирачка 3 0.1 0.0
5 0.2 0.3
7 0.4 0.6
9 0.7 0.7
11 1.2 1.1
Работа на паркирна сопирачка 3 0,1 0,0
5 0,2 0,1
7 0,4 0,1
9 0,9 0,1
11 1,4 0,3
Сопирачки водови 3 0,0 0,0
5 0,0 0,0
7 0,1 0,0
9 0,3 0,0
11 0,8 0,0
Сопирачки црева 3 0,0 0,0
5 0,0 0,0
7 0,1 0,0
9 0,1 0,0
11 0,3 0,0
Сопирачки дискови 3 0,7 0,1
5 1,4 0,4
7 2,0 3,8
9 2,4 4,2
11 2,8 5,1

ПОДВОЗЈЕ

Водење на тркала 3 0,2 0,0
5 0,7 0,1
7 4,5 0,2
9 3,0 0,5
11 5,0 0,9
Пружини / Амортизери 3 0,1 0,1
5 0,4 0,1
7 1,1 0,3
9 2,4 0,3
11 3,7 0,6
Погонски оски 3 0,0 0,0
5 0,0 0,0
7 0,0 0,0
9 0,1 0,0
11 0,1 0,0
Управување 3 0,0 0,0
5 0,0 0,0
7 0,1 0,0
9 0,2 0,0
11 0,4 0,0
Зглобови 3 0,0 0,0
5 0,1 0,0
7 0,4 0,0
9 0,9 0,6
11 1,3 0,9
Корозија, пукање, лом 3 0,0 0,0
5 0,0 0,1
7 0,0 0,0
9 0,1 0,1
11 0,2 1,6

СВЕТЛА

Соборено светло 3 1,4 1,1
5 2,2 2,3
7 3,6 3,2
9 4,8 4,3
11 6,6 5,7
Предна сигнализација 3 1,0 0,6
5 1,5 1,0
7 2,1 1,3
9 2,8 1,1
11 3,1 2,9
Задна сигнализација 3 0,4 0,1
5 0,9 0,2
7 2,5 3,7
9 4,3 4,1
11 7,1 7,5
Трепкачи 3 0,1 0,0
5 0,2 0,1
7 0,4 0,2
9 1,4 0,2
11 2,2 0,5

МОТОР, ИЗДУВ

Течење масло од мотор / погон 3 0,4 0,0
5 1,0 0,1
7 2,1 0,3
9 4,7 0,4
11 7,0 0,8
Електроника, тест на издув 3 0,2 0,0
5 0,5 0,0
7 0,7 0,3
9 1,1 0,1
11 1,8 0,4
Издувен систем 3 0,0 0,0
5 0,1 0,0
7 0,6 0,0
9 1,5 0,1
11 3,0 0,5

>>> Два важни новитети на Honda доаѓаат во 2022 година

HONDA HR-V e:HEV

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За работа да е, ѕвезда да носи: Новиот Mercedes Citan во Мак Аутостар

Дизајнерот Цунео Канасуги зборува за големите промени во Lexus