за

Дизајнерот Цунео Канасуги зборува за големите промени во Lexus

Новиот Lexus NX поставува нов правец за дизајнот на премиум марката на Toyota. Главниот дизајнер за надворешност Цунео Канасуги, во интервјуто ги објаснува креативниот процес и изгледот со коишто освојува премиум СУВ-моделот од средната класа. Тоа се однесува и на надворешноста, и на внатрешноста.

Дизајнот на Lexus се менува речиси од корен, но филозофијата што стои зад тоа останува непроменета. Како се препознваат тие промени во новиот Lexus NX? Кои се главните разлики во споредба со претходникот?

Цунео Канасуги: На прв поглед е јасно воочлива поврзаноста меѓу новиот Lexus NX и неговиот претходник. Меѓутоа новиот модел нуди повеќе нагласени контрасти, коишто ги засилуваат делотворноста и привлечноста: Остро извлечени рабови се соединуваат со топла елеганција и на СУВ-моделот му даваат уште поголемо визуелно присуство. Тоа се покажува, на пример, во површините што се заоблени различно во горниот и во долниот дел од вратите.

Ги задржавме чувството на авангардност и маркантниот имиџ на првиот Lexus NX, но дизајнот го усовршивме со цел тој да изгледа погламурозно и позрело. Целта е извесна оригинално, којашто произлегува од пропорциите и создава форма што заведува. Сакавме и едноставност, којашто ги отсликува новите технологии во возилата – едноставен дизајн, што става нагласок на атрактивноста на иновативните функции.“

„Functional Beauty“ е возбудлив концепт што ги соединува дизајнот и неопходноста од интегрирање нови технологии во автомобилите. Колку е голем тој предизвик?

New item by Automedia MK / Google Photos

ЦК: Во Јапонија постои изрека, со којашто се опишува тешка задача: ‘Доволно е тешко и конец да провлечеш низ врвот на иглата’. Новите технологии мора да бидат атрактивни во поглед на дизајнот, инаку постои опасност клиентите да не ја сакаат и да не ја користат. Мораме да создадеме дизајн, што е атрактивен, лесен за користење и ја обезбедува потребната функционалност. Тоа денес е станато исто толку тешко како вовлекување конец низ врвот на иглата, но ако сé направиме правилно, производот ќе се цени повеќе. Lexus сака да продолжи со овој концепт и во иднината.

Кога се гледа надворешноста на новиот Lexus NX, се забележува карактеристичната маска. Каква улога има формата на маската, како дел од новото „лице“?

New item by Automedia MK / Google Photos

ЦК: Маската ја усовршивме во согласност со новиот дизајнерски говор на Lexus. Каросерискиот дизајн всушност произлегува од маската. Таа се втопува со каросеријата и на возилото му дава течна, солидна форма. Покрај тоа, отворите во маската на ладилникот ги поставивме вертикално. Тоа не само што ја подобрува делотворноста на ладењето, туку и се нагласува долгата и елегантна хауба – тоа е уште еден пример за функционалната убавина.

Каков вид на дизајн ќе нуди Lexus NX, кога луѓе ќе го видат на улица?

New item by Automedia MK / Google Photos

ЦК: Lexus отсекогаш се стремел да внесе повеќе боја во животот на своите клиенти. Надворешниот дизајн ќе им пренесе чувство за уживањето во возењето што NX го нуди зад воланот. Ги дотеравме пропорциите и динамиката и создадовме дизајн, што соединува гламур и острина. Убеден сум, дека со нашиот дизајн сме ги постигнале првично поствените цели.

Како ќе се чувствуваат возачот и патниците во новиот Lexus NX?

New item by Automedia MK / Google Photos

ЦК: За возачот развивме кокпит што нуди исклучителна прегледност. На тој начин, возачот може целосно да се концентрира на патот. Комфорното совозачко седиште гарантира комфорно и релаксирано патување, исто како дизајнот на кабината што е лесен за користење.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во кокпитот на новиот Lexus NX се применува концептот тазуна, што може да се разбере како ‘земање на уздите во рака’. Возачот и возилото имаат тесна поврзаност, што овозможува интуитивно ракување – исто како што јавачот комуницира со коњот. Принципите на тазуна се препознаваат во прекинувачите на воланот и во проекцискиот дисплеј, како и во распоредот на инструментите – од проекцискиот дисплеј до мулти-информацискиот и мултимедиски екран. На тој начин, дланките остануваат на воалнот, очите на патот – возачот може да се концентрира на ситуацијата и со мали движења да ги користи елементите и информациите.

Концептот тазуна овозможува исклучителна средина, посебно за возачот. Дали тоа беше еден од најголемите предизвици?

New item by Automedia MK / Google Photos

ЦК: Кокпитот тазуна одлично се вклопува во целосниот концепт на ‘простор што стои на дофат’, којшто го избравме за внатрешноста. ‘Празниот простор’ во кабината прерасна во дизајнерски елемент по којшто може да се посегне, секое подрачје е оптимирано. Со помош на тазуна, вниманието на возачот се концентрира на возењето, додека совозачот може да се релаксира. Тоа се покажува, на пример, со прекинувачите за функциите што се важни за возењето и се наоѓаат на страната на возачот, и со елементите за ракување со комфорните и забавните функции што се наоѓаат на страната на совозачот.

На кои дизајнерски елементи во новиот Lexus NX сте особено горди?

New item by Automedia MK / Google Photos

ЦК: Тоа е спојот меѓу острите форми и заводливите форми. Тоа е нова демонстрација на луксуз. Многу е тешко овие два спротивставени стилови да се спојат во избалансирана мешавина. Површините на NX комбинираат остри рабови со големи, заоблени површини и произведуваат чувство на квалитет и топлина.

Ние отстапивме од конценционалниот стил и избравме друг дизајнерски процес, со цел да добиеме сјајни и рефлектирачки површини. На тој начин, NX изгледа различно, зависно од средината и аголот на светлината. Покрај тоа, дизајнот ги нагласува агилните и динамичните возни својства на NX.

За крај едно лично прашање: Како станавте автомобилски дизајнер и кои се особините што цените дека еден дизајнер мора да ги псоедува, за работата да ја заврши успешно?

ЦК: Прво студирав машинство и сакав да станам инженер. Во исто време почна да ме привлекува значењето на дизајнот во текот на инженерските студии. Ценев дека на следната генерација нема да ѝ биде потребна само прецизност на инженер, туку и креативен начин на размислување.

New item by Automedia MK / Google Photos

Најважната особина на еден дизајнер е способноста да се има увид во сите предизвици во еден проект и да се инспирираат останатите, да работат заедно како тим со креативни алатки. За нешто да се креира, прво мора да се размислува за проблемите, што мора да се надминат. Човек мора да е способен да ги гледа нештата од различна перспектива, за да изработи производ без компромиси. За да се произведе еден автомобил, потребна е помош од голем број талентирани луѓе. Дизајнерот мора да соработува со останатите и да ги инспирира, да работат во истата насока.

>>> Дона Самер пее за новиот Lexus NX: „I Feel Love“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Зошто Honda Jazz е меѓу најиздржливите автомобили што светот ги познава

Голема премиера во Kia: „За нас, Sportage е како посебен бренд“