
Вториот и третиот по продажба производител на автомобили во Јапонија, по Тојота, преговараа да создадат компанија вредна 60 милијарди долари, за да се надмине отсуството на хибридни модели на пазарот во САД и да се запре загубата што ја трпи Нисан, поради силната конкуренција во Кина.
Преговорите беа прекинати во минатата седмица, што ја оддолжи неизвесноста во Нисан и покажа колкав притисок трпат традиционалните производители на автомобили, од влијанието на кинеските гиганти што внесоа големи промени во автомобилската индустрија.
Учида е под притисок да изврши пресвртница во Нисан, откако повеќегодишното опаѓање на продажбата и смените во менаџментот го ослабнаа јапонскиот производител на автомобили.
Преговорите за спојување со Хонда наидоа на пречка пред повеќе од еден месец, поради гордоста на Нисан и несериозноста да се прифати реалноста на состојбите во компанијата. Чашата прелеа откако Хонда предложила Нисан да стане огранок.
Рено бара Учида да се повлече
Фајненшел Тајмс објави дека Хонда е подготвена да ги обнови преговорите со шеф на Нисан што подобро ќе се справи со внатрешниот отпор. Извршниот директор Тошихиро Мибе во минатата седмица изјави дека не сака неговата компанија да изврши непријателско преземање на Нисан.
Нисан изготви план за реструктурирање, којшто предвидува скусување на работната сила за 9.000 места и смалување на производствениот капацитет во светски рамки за 20 проценти.
Учида соопшти дека има намера да остане на позицијата до 2026 година, но се соочува со притисок од страна на членови во управниот одбор и од францускиот партнер Рено, да се повлече од местото во следните месеци, откако пропаднаа преговорите со Хонда, објави Фајненшел Тајмс.
Мицубиши ќе има корист од спојувањето на Хонда и Нисан
Вредноста на акциите на Мицубиши Моторс порасна за 8,6 проценти, откако ФТ објави дека Хонда има намера да ги обнови преговорите за здружување, доколку Учида си замине.
Во случај да продолжат преговорите за спојување, тоа ќе биде од корист за сите вмешани страни, вели Тацуо Јошида, аналитичар во Блумберг Интелиџенс. „Доколку партнерството меѓу Нисан и Хонда се разгледува со ново раководство на Нисан, тоа ќе биде вин-вин ситуација,“ кажува тој.
Тоа ќе биде одлична вест за Мицубиши, чијашто иднина е неизвесна, додека Нисан како главен акционер се соочува со потешкотии, додава Јошида.
Тројниот сојуз со Хонда би значел дека Мицубиши повеќе нема во толкава мера да зависи од Нисан и ќе може подобро да се справува со конкуренцијата, цени аналитичарот на Блумберг.
Мицубиши ќе биде силен партнер во идното трио, поради своето силно присуство на пазарите во Југоисточна Азија, но „доколку Нисан не направи отстапка, иднината на Мицубиши е матна,“ порачува Јошида.
Тајванскиот производител Хон Хаи Прецижн Индастри, којшто е вистинскиот производител на Ај Фон, заинтересиран е за вложување во Нисан, исто како и приватната инвестициска фирма ККР.















