Викендов пробно возење на СУВ-моделите на Хавал во Сити Мол

Кинескиот производител на автомобили Грејт Вол Мотор, со своите пет марки предводени од Хавал, со децении испорачува приказна на успех каква што луѓето сакаат да слушаат. Продажбата кажува дека не останува сé на приказни, затоа што купувачите веруваат во нивната веродостојност. Увозникот Толту викендов организира можност за македонските возачки и возачи да ги почувствуваат новите модели на марката Хавал.

Скопјани и гостите во градот, во овој викенд дарежлив со сонце, можат меѓу другото да ги искусат и СУВ-моделите од новата генерација на Хавал, предводничката марка на кинескиот концерн Грејт Вол Мотор. Два модели стојат на располагање, компактниот СУВ-модел Џолион, во класа на Тигуан и Спортаж, и престижниот модел од средна класа, Х6.

Џолион доаѓа во понудата на Хавал на местото на претходникот Х2, оди на карта на впечатлив дизајн и луксузна опременост. Моделот се нуди на македонскиот пазар само во највисокото ниво на опременост, Суприм, со цена од 30.800 евра. Единствено што останува за доплата од опремата се проекциски дисплеј, сончев покрив и металик боја.

Моторите на Хавал се бензински, вклулувајќи и верзии со хибриден погон, коишто за овој настан не се достапни за пробно возење, меѓутоа е мошне извесно дека на следните настани низ Македонија ќе бидат понудени и тие моделски изведби. Во Хавал Џолион работи 1,5-литарски турбо бензинец со моќност од 143 КС, во комбинација со 7-степен автоматсдки менувач со двојна спојка. СУВ-моделот веќе беше на тест возење во Аутомедиа, објавено на следниот линк.

Х6 е посебно поглавје, меѓу другото и поради тоа што близу цела една деценија е најпродаван СУВ-модел на кинескиот пазар. Моделот го привлече вниманието на македонската публика уште во претходната генерација, со мошне претставителен изглед и целосна функционалност на голем автомобил. Нештата се движат мошне брзо во Грејт Вол Мотор, па по само неколку години присуство на Х6 од претходната генерација изненади моделот од третото колено.

Тоа не е знак дека марката брзо ги менува своите модели, туку се совпадна со моментот во преоѓањето во новата ера за кинескиот концерн, којшто сега настапува во поголем обем на глобалниот пазар, и соодветно на тоа се инвестираше во нова техника, којашто подржува електрификација, системи за асистенција за безбедност и комфор, како и софтверска архитектура за користење онлајн услуги.

Пробните возења во сабота и недела почнуваат во 10 часот, а тимот на Толту Моторс и возилата за тест ќе бидат достапни на платото пред источниот влез во Сити Мол до 16 часот. За гостите на настанот, увозникот има подготвено вредносни ваучери, со коишто се добива попуст при купување автомобил.

Претходна објаваУште колку народ треба да загине од и во автомобили за да се јават виновниците?
Следна објаваШефот на Тојота вели дека е-автомобилите се „алката што недостига“ за најголемиот производител во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here