за

Great Wall Motor голема ѕвезда во Париз со марките Wey и Ora

Автомобилите на салонот во Париз годинава се уште понови од вообичаено. За многумина се нови марките. Кинескиот концерн Great Wall Motor почнува со помасовно присуство на европскиот пазар.

Haval е марка што направи претставата за автомобилите од кинеските производители да се смени од корен. Концернот на марката, Great Wall Motor, има уште бројни марки во својата понуда, а нивните автомобили уште годинава ќе почнат да возат помасовно по европските патишта. Ora e марка со електрични автомбоили, Wey оди на премиум сегментот.

Great Wall Motor е во Париз. Публиката сигурно нема да ги одмине автомобилите од марките ORA und WEY што се изложени на штандот во павилјон 6, веднаш до домаќинот Renault, до задолжителниот Ferrari за секој салон, па и до новата виетнамска автомобилска надеж Vinfast.

Тоа што GWM има да го понуди, не се едноставни и евтини автомобили, туку напротив, станува збор за напредна технологија, па и за луксуз. Со ценовна предност. Главен носител на шоуто е моделот со приклуќчен хибриден погон WEY Coffee 01. Тој вози 146 километри на струја, па потоа продолжува на бензин и струја. Батеријата е масивна и ја дозволува оваа електро-комоција. Не постои, всушност, автомобил со приклучен хибриден погон, што минува повеќе километри на струја.

Кој е целосно убеден во елеткричниот погон, ја има на избор Ora Cat, со радарски темпомат што забрзува и забавува сам, со системи за асистенција што се грижат за безбедноста и комфорот, но и со мошне симпатична појава. Македонскиот увозник Толту ни потврди за Аутомедиа дека веќе од следната година во нивната понуда ќе имаат и електрични модели. Претходница ќе им биде хибридната верзија на новиот Haval H6, од третата генерација, што пристига наскоро.

Салонот во Париз отвора повторно по четири години, и на публиката, до 23-ти октомври, ѝ ги прикажува новитетите од индустријата. Слоганот на годинешното издание, „Револуцијата е вклучена“, се совпаѓа со тоа што го работат во Great Wall Motor. Претседателот на GWM за Европа, Хенри Менг, вели дека тоа се „премиум возила, што со интелигентна технологија овозможуваат нов и современ начин на живеење“.

Директорот продолжува, „ни претставува радост што можеме да ги прикажеме нашите електрифицирани производи на салонот на автомобили во Париз и што сме присутни како компанија.“ Европа за концернот е „најважниот пазар надвор до Кина“. Настапот на салонот во Париз годинава е од клучно значење за пробивот на автомобилите на GWM на европскиот пазар.

GWM порачува дека со моделите на нивната марка Ora се вози „безгрижно во иднината“

GWM на салонот е присутен со три модели на ORA. Производителот ја претставува својата марка како модерна „Pure Electric Brand“, којашто е наменета за млади, урбани и прогресивни клиенти. ORA Funky Cat е наследничка на автомобилот што лани беше прикажан на салонот за мобилност во Минхен. Стилот е ретро, но технологијата врвна. Досегот изнесува 310 километри. За поспортско чувство во возењето се нуди ORA Funky Cat GT.

Третиот модел е „The Next Ora Cat. Тука се соединуваат спортска техника, елегантен изглед и висока удобност. Купето со целосно електричен погон, со четири врати, остава мошне убедлив впечаток. Next Ora Cat стандардно користи погон на сите тркала. Со максимален вртежен момент од 680 Nm, спринтот до темпо сто трае 4,3 секунди.

ORA Funky Cat приреди пријатно изненадување, кога на тестот на Euro NCAP освои максимални пет ѕвезди за безбедноста

Wey го прикажува премиум моделот со приклучен хибриден погон Coffee 01 како знаменосец на марката. Со полна батерија може прво да се вози до 146 километри чисто на струја, а потоа продолжува хибриден погон со 2-литарски турбо бензинец. Комбинираниот досег изнесува 800 километри. Спринтот до темпо сто трае пет секунди, крајната брзина изнесува 235 km/h.

Цената на основната моделска изведба на Coffee 01 изнесува околу 55.000 евра. Сепак станува збор за премиум модел

Во првата половина од 2023 година стартува и Coffee 02, како модел во C-SUV-сегментот. Овој спорски теренец со приклучен хибриден погон во основната изведба вози со погон напред, меѓутоа технологијата е на исто ниво со поголемиот модел Coffee 01. Верзијата со погон на сите тркала нуди слични перформанси со топ-моделот. За тоа колку кинескиот производител е широкоград во опремувањето на својот модел, сведочи и податокот за 14,6-те инчи на средишниот дисплеј.

Компанијата уште лани го најави својот голем старт на европскиот пазар. Оттогаш се отворени европска канцеларија во Минхен, а се подготвува и продажно-сервисната мрежа, прво во Германија и Франција. Тоа се најважните пазари за GWM во Европа. Моделот Ora уште годинава ќе стартува со испораки во Германија. Следни големи пазари за моделот се Велика Британија и Израел.

Haval Jolion е автомобилот со којшто другите се споредуваат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европските парламентарци бараат да има полначи на секои 60 километри

Тест · Toyota Corolla GR Sport : Кого уште засега колку троши хибрид?