за

Кинески Great Wall Motor гради фабрика во Бразил, производството почнува в година

Производителот на Haval за помалку од една година ќе започне со редовно производство во фабриката на Great Wall Motor во Бразил. Се работи дури и на водороден погон.

Заменик претседателот на Бразил, Жералду Алкмин, и гувернерот на Сао Пауло, Таркизио де Фреиташ, направија службена посета на фабриката на кинескиот концерн Great Wall Motor во Бразил. Таму ќе се произведуваат возила со хибриден, целосно електричен, па дури и водороден погон. Почетокот на редовното производство е најавен за 1-ви мај 2024 година.

Првата автомобилска фабрика во Бразил од којашто ќе излегуваат возила со електрифицирана погонска спрега, му припаѓа на кинескиот концерн Great Wall Motor и таа сега доби официјална посета од највисоките државни претставници. Фабриката се очекува да започне со редовно производство во првата половина од следната година.

Станува збор за најсовремен производствен капацитет, во којшто ќе се применуваат начелата на паметна фабрика. Во огромниот индустриски комплекс во Ирасемаполис во моментов во врши осовременување и проширување на производствената линија. Great Wall Motor во 2021 година ја купи фабриката од Daimler Group.

Редовното сериско производство е планирано да отпочне на 1-ви мај 2024 година. Капацитетот ќе се зголеми на 100.000 возила годишно, а фабриката ќе вработува 2.000 лица.

Бразил вложува многу во одржливоста и во заштитата на животната средина. Мисијата на Great Wall Motor да произведува возила со хибриден, целосно електричен и водороден погон во фабриката е во согласност до државната стратегија.

Фабриката во Ирасемаполис ќе биде четврта најголема производствена база на Great Wall Motor во светски рамки и воедно база од којашто ќе се сервира цела Латинска Америка.

Првиот модел од локално производство ќе биде пикап со хибриден погон, што ќе може да користи и етанол и бензин. Тоа ќе биде прв пикап со „флекси-фјул“ решение. Бразил има долга традиција со етанолот како погонско гориво, посебно кога ќе се земе предвид дека големата држава самостојно го произведува етанолот.

Пикапот ќе биде целосно приспособен според барањата на купувачите и посебностите на патиштата во земјата. Во моментов се вршат локални тестирања на претсериските протитипи.

GWM цени дека комбинацијата од приклучен хибриден погон и етанол како погонско гориво е совршена за бразилските услови. Земјата покрива 80% од своите енергетски потреби од обновливи извори. Во светски рамки, просекот е само 30 проценти.

Кинескиот концерн и производител на возила од марките Haval, Wey, Ora, Poer, веќе работи на планови за водороден погон во Бразил. За таа цел, потпишано е писмо на намери со владата на Сао Пауло, за соработка во проекти за производство на водород и на возила со водороден погон.

GWM планира во следните 10 години да вложи во Бразил десет милијарди реали (1,878 милијарда евра). Билатералните односи меѓу Бразил и Кина исто така се одвиваат на беспрекорно ниво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Fiat 600 се појави на слики, премиера летово

Бустер за најпродаваниот Opel