за

Goodyear започнува со онлајн-продажба на автомобилски гуми

Goodyear започнува со онлајн-продажба на автомобилски гуми
Goodyear започнува со онлајн-продажба на автомобилски гуми

Дополнително на вообичаените продажни канали, Goodyear започнува со сопствена онлајн-продажба наменета за крајни корисници. Возачките и возачите можат на интернет да го изберат саканиот модел на автомобилски гуми и да го извршат плаќањето, како и да планираат вградување на гумите кај локалниот партнер на марката.

Goodyear излегува во пресрет на сменетите навики и практики на корисниците и се ориентира на e-Commerce. Продажбата преку интернет во почетокот се одвива како пробен проект и само во Германија. Во зависност од резултатите од пилот-проектот, новата услуга подоцна ќе се воведува постепено во повеќе европски држави.

Преку посебната интернет страница може директно да се договори и термин за вградување на гумите. Според Goodyear, договорна сервисна работилница за марката е достапна на оддалеченост од помалку од 30 минути за преку половина од германските домаќинства. Друга предност е тоа што сите трошоци за гумите и за вградувањето се плаќаат онлајн и однапред, така што единствено преостанува возилото да се однесе во договореното време.

Goodyear пред четири години ја воведе платформата на e-Commerce во САД. Пилот проектот во Германија е посебно приспособен според барањата на европскиoт пазар. Како гратис следува едногодишно осигурување од оштетување на гумите од остри предмети.

Тест на 16 модели на зимски гуми со димензија 185/65 R15

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota RAV4 plugin hybrid prime

Швајцарија надмина 10.000 нови електрични возила годинава

Lexus в година ќе пушти самовозечки LS среде метежот на Токио

Lexus в година ќе пушти самовозечки LS среде метежот на Токио