Од почетокот на годинава по патиштата низ Швајцарија и Лихтенштајн возат повеќе од 10.000 нови електрични автомобили. Тоа е првпат возилата на струја да надминат петцифрена продажба. Во споредба со лани, бројот на чисто електрични возила се зголемил за 136,5 проценти.
На швајцарскиот пазар во минатиот месец биле регистрирани 24.228 нови автомобили, што претставува раст од 0,5 процент. Вкупно од почетокот на годината се продадени 276.641 патнички автомобили или за 1,6 процент повеќе од истиот период лани.
Секој десетти нов автомобил регистриран во алпската земја годинава поседува електромотор во погонската спрега, односно е хибрид или вози чисто на батерии. Заедно со продажбата на хибриди се зголемил и интересот за возила со погон на метан (+50,8 %). Сите алтернативни видови на погон постигнале заеднички раст од 75,4 проценти.
Електричните возила учествуваат во вкупната продажба во Швајцарија со 3,7 проценти, што е меѓу највисоките удели во светски рамки; Притоа само неколку кантони одобруваат субвенции
Продажба на нови патнички автомобили во Швајцарија
(во периодот од јануари до ноември 2019)
|
Вкупно новорегистрирани автомобили |
276.641 |
+1,6% |
|
Од тоа: |
||
|
Со погон на сите тркала |
140.115 |
+5,3% |
|
Дизели |
71.524 |
-12,0% |
|
– Хибриди (бензин) |
18.671 |
+41,5% |
|
– Хибриди (дизел) |
3.187 |
+385,8% |
|
– Електрични |
10.329 |
+136,6% |
|
– Метан |
1.175 |
+50,8% |
|
– Водород |
25 |
-3,8 |
|
Вкупно алтернативен погон |
33.389 |
+75,4% |
ТОП 10 НАЈПРОДАВАНИ МАРКИ ВО ШВАЈЦАРИЈА
|
# |
МАРКА |
ПРОДАЖБА |
ПРОМЕНА |
|
1 |
Volkswagen |
30 557 |
2,6% |
|
2 |
Mercedes |
23 850 |
5,0% |
|
3 |
BMW |
21 916 |
1,0% |
|
4 |
Skoda |
21 425 |
24,5% |
|
5 |
Audi |
16 279 |
-1,4% |
|
6 |
Seat |
12 878 |
+22,1% |
|
7 |
Ford |
12 594 |
-9,7% |
|
8 |
Renault |
10 322 |
-12,7% |
|
9 |
Toyota |
9 855 |
+11,1% |
|
10 |
Opel |
9252 |
-14,0% |
Швајцарија масовно преоѓа на хибриди и електромобили, напушта дизели
















