за

Lexus в година ќе пушти самовозечки LS среде метежот на Токио

Lexus в година ќе пушти самовозечки LS среде метежот на Токио
Lexus в година ќе пушти самовозечки LS среде метежот на Токио

Toyota го разви својот автопилот до фаза во којашто може да се пушти во редовен сообраќај. Тоа ќе се случи во текот на летото 2020, во најголемиот метеж во Токио, кадешто заинтересираните ќе можат да се пријават и лично да ја искусат технологијата. Доволно е и тоа што тест-возилото е Lexus LS 500h.

Toyota го достигна четвртото ниво на автономно возење и ќе ги прикаже способностите на својата технологија во реални услови – дури и повеќе од реални. Возилото ќе биде во примена меѓу јули и септември, во населбата Одаиба, кадешто пешаците, патниот сообраќај, мноштвото знаци и семафори, како и зградите под стакло се голем предизвик за автопилотската технологија.

Идејата е јавноста да учествува во тестирањето, со претходно пријавување. Поради законите, зад воланот мора да се наоѓа лице што ќе интервенира доколку технологијата погреши. Во развојот на софтверот учествуваат истражувачкиот институт на Toyota во САД (TRI), одделението за напрено истражување и развој на корпорацијата Toyota и одделението за напреден развој на истражувачкиот институт на Toyota во Токио. Тоа е глобален проект.

New item by Automedia MK / Google Photos

Демо-возилото под ознаката P4 беше прикажано во почетокот на годинава на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас и истото се базира врз луксузната лимузина Lexus LS 500h, јапонскиот S-Class.

Колку побрзо се обработуваат информациите, толку и возилото реагира побрзо на средината; Тоа бара суперкомпјутер во автомобилот

Во споредба со претходниците, P4 располага со дополнителни камери отстрана, два нови сензори за слика, кои се насочени нанапред и назазад, како и унапреден радарски систем. Високата процесорска моќ овозможува системите паралелно да изведуваат поголем број машински алгоритми и на тој начин да учат побрзо. Напојувањето на компјутерите се врши директно од батеријата на хибридниот систем, додека 12-волтната батерија е само за резерва.

New item by Automedia MK / Google Photos

TRI досега го има тестирано P4 на затворена патека во Мичиген, САД. Таму е изградена инфраструктура по пример на Одаиба, заради тестирање во тешки услови. Во меѓувреме, софтверот на P4 се тестира по улиците во Токио, како и на тест-патеките на TRI во Мичиген и Калифорнија. Сериски Lexus LS со неколку дополнителни функции на P4 моментно се вози во Брисел.

New item by Automedia MK / Google Photos

Нивото 4 е само еден степен на автономија под највисокото ниво, со единствената разлика што кај него се уште мора да присуствува лице во случај на потреба од човечка интервенција. Во петтото ниво, возилата не мора да поседуваат ниту волан или педали.

Првиот степен на автономно возење се радарски темпомати кои самостојно подзабавуваат ако напред има побавно возило и го одржуваат растојанието од нив. Во вториот степен, возилото може самостојно да забрза, да запре или да ја држи лентата по автопат. Во третото ниво, возачот може целосно да препушти возилото да управува само, но мора да биде подготвен да интервенира, кога системите во возилото ќе алармираат.

https://www.instagram.com/p/B5p_ou7oN-z/

https://www.instagram.com/p/B5phqENDyCX/

Toyota организира автоматизиран превоз за Олимпијадата Токио 2020

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Goodyear започнува со онлајн-продажба на автомобилски гуми

Goodyear започнува со онлајн-продажба на автомобилски гуми

Mercedes W 124 35godini

Легендарната серија 124 на Mercedes е 35 години млада