за

Goodyear развива гума што целосно е изработена од одржливи материјали

Меѓу најважните цели на Goodyear е до 2030 година да понуди автомобилска гума што во целост ќе се состои од материјали од обновливи извори.

Предизвикот за производителите на автомобили важи и за производителите на пневматици за автомобили. Браншата работи на решенија со коишто се поштедува животната средина и се запираат климатските промени. Goodyear напредува најмногу во браншата во поглед на развојот на гуми што целосно се изработени од обновливи извори, развојот достигна 70 проценти удел на одржливи материјали.

Најдоцна во 2030 година, Goodyear ќе понуди во продажба автомобилски гуми што 100% се состојат од одржливи материјали. Компанијата штотуку претстави прототип на гума што во 70% се состои од материјали со коишто не ѝ се наштетува на животната средина. Користените материјали се новина за целата бранша.

Новата гума содржи 13 состојки што првпат се користат во гумарската индустрија, за изработката на девет различни компоненти од градбата на една гума. Тестирањата докажаа дека својствата на новата гума овозможуаат високо ниво на перформанси на гумата во целост:

New item by Automedia MK / Google Photos

Во изработката на гумата се користи гареж, со цел да се продолжи векот на експлоатација на гумите. По традиција, гарежот се добива при согорување на петрохемиски производи, односно производи од нафта и природен гас. Goodyear во новата гума користи замена за гарежот со три различни и нови форми на гареж. Тие се произведуваат од метан, јаглероден диоксид и растителни масла. Со новата постапка се постигнува подобар еколошки биланс.

Примената на соино масло при производството на гумите е важна иновација, со којашто се овозможува гумите да ја задржат флексибилноста при различни температури.

Со користењето зрна од соја, како природна суровина, се заменува уделот на производи што потекнуваат од нафта. Додека протеините од соиното зрно се искористуваат речиси 100% во прехранбената индустрија и во аграрот, вишокот соино масло може да се користи во останатите индустриски гранки.

New item by Automedia MK / Google Photos

Силика се користи при производството на гуми заради подобрување на контактот со подлогата и заради намалување на потрошувачката на гориво. Новите гуми на Goodyear содржат досега единствена форма на силика. Таа се добива од пепел од оризова лушпа, којашто е спореден производ при обработката на ориз и обично се фрла во депонии. Тој спореден производ во иднина ќе може да се користи за добивање силика со висок квалитет.

Полиестерот од пластичните шишиња и други производи од пластика, по пат на хемиско рециклирање се разложува на своите основни хемиски состојки. При понатамошната обработка, од него се добива технички полиестер, што е погоден за користење во основниот слој на гумите.

>>> Goodyear ветува 25% подолга експлоатација со новите Efficient Grip SUV

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota GRMN Yaris е автомобил израснат на Нирбургринг

Ralliart се развива во спортска подмарка на Mitsubishi