Goodyear ветува 25% подолга експлоатација со новите Efficient Grip SUV

Goodyear Efficient Grip 2 SUV

За новата генерација на моделот на гума што е наменет за растечкиот сегмент на возила, Goodyear ветува за 25 проценти повеќе изминати километри.

За продолжената експлоатација на новата генерација на Goodyear Efficient Grip SUV се најзаслужни високата еластичност и флексибилноста на профилот. Тие овозможуваат да се намали бројот на ситни пукнатини при возење по груба подлога, во широко температурно подрачје.

Зголемениот број на надолжни рабови што зафаќаат во подлогата, во комбинација со намалената крутост на гумената смеша се грижат за скусен пат на сопирање на влажен пат.

Goodyear воедно го подобри и сопирањето на сува подлога, преку зголемување на допирната површина и со поголеми блокови во средината на газечката површина.

Goodyear Efficient Grip 2 SUV се испорачува во 52 димензии, со пречник во дијапазон од 16 до 22 инчи.

>>> Како исчезна значењето на димензијата на гумите

Претходна објаваМи-Да почнува со откуп и комисиска продажба на користени возила
Следна објаваМарк Лихте, дизајнер на Audi: „Естетиката извира од ефикасноста“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here