за

Американци плаќаат двојно за електричен Hummer

Електричниот пикап со знак на Hummer наидува на толку висока побарувачка, што купувачите неретко плаќаат и двапати повеќе за да дојдат до возило.

General Motors од крајот на минатата година го произведува големиот електричен пикап GMC Hummer EV. Иако воведната серија именувана Edition 1 се цени на солидни 110.295 долари, камионетот веќе го имаат нарачано повеќе од 70.000 купувачи.

Американскиот General Motors не успева да ја покрие огромната побарувачка на пазарот за електричниот пикап Hummer EV, поради што цените за користени примероци достигнуваат астрономски вредности. На едно онлајн-наддавање неодамна беше продаден примерок за повеќе од 250.000 долари.

Новиот сопственик на Hummer EV понуди 260.420 долари за својот електричен пикап, од марката што има големо име за Американците. Фантастичната цена беше постигната по 21 наддавање. Тоа се 136% повеќе од редовната цена за пикапот. Рекордот го држи примерокот што се продаде на наддавањето во Аризона за 286.000 долари, што е 159 проценти повеќе од редовната цена. На онлајн-огласниците се нудат возила и по цена од преку 300.000 долари, но нема потврда дека возилата се продаваат по тие цени.

General Motors има проблеми и со своите дилери. Некои од нив ја качуваат цената за 50.000 долари, за да не остават простор за препродажба. Концернот ги предупредил своите дилери за ваквите постапки, но засега не е познато дека тие се казнети.

GMC Hummer EV се продава во Зеро-фабриката во американската сојузна држава Мичиген. Поради високата побарувачка, GM планира да ја зголеми продукцијата. Во истата фабрика в година стартува и СУВ-изведбата на Hummer EV.

Америка лани купувалa повеќе Toyota отколку General Motors

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Audi ги снабди фудбалерките на Баерн Минхен со автомобили

Колку се „краде“ со возењето под бугарски регистарски ознаки