за

Audi ги снабди фудбалерките на Баерн Минхен со автомобили

Фудбалерките на Баерн Минхен ќе возат Audi A1, A3 и ТТ. Дваесет години наназад, марката со четирите прстени е партнер на фудбалскиот клуб.

На свеченоста што се одржа на Audi Piazza, пред зградата на Форумот на Audi во Инголштат, дамите што настапуваат за боите на вицешампионот Баерн Минхен првпат добија службени автомобили Audi.

Капетанката Лина Магул прва го презеде клучот од својот службен автомобил Audi. Фудбалерките на Баерн и тренерите на клубот денес на 9-ти мај свечено ги презедоа своите возила. Станува збор за моделите Audi A1, A3 и TT. Кристијан Шилер, директор за маркетинг во фудбалот, изјави по тој повод: „Фудбалерките на клубот Баерн се исклучителни спортистки и силни личности, кои одлично ја претставуваат марката Audi – по машкиот тим и по кошаркарките, сега го комплетираме нашиот ангажман со женскиот тим на Баерн.“

Спортистките се одушевени од своите нови службени возила: „Тоа е мојот прв Audi и тоа токму црвен TT, не можеше да почне подобро“, изјави напаѓачката Леа Шилер. Одбранбената играчка и јапонска шампионка Саки Кумагаи прва го приклучи својот мобилен телефон и се радуваше на патувањето до дома во Минхен.

Успешно партнерство меѓу Audi и четирикратниот германски шампион

Баерн Минхен го основаше женскиот тим на 7-ми јуни 1970 година и тој се вбројува меѓу најуспешните тимови. Првото германско првенство беше освоено уште во 1976 година, а потоа се освојуваше и германскиот фудбалски куп во 2012, 2015, 2016 и лани. Дамите годинава се пласираа во четвртина финалето во лигата на шампиони, против Париз Сен Жермен, како и во полуфиналето во германскиот куп. Audi е партнер на најуспешниот германски клуб уште од 2002 година, а од 2011 година, марката поседува и акции во клубот.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тие се СУВ-купе ексклузивците: DFSK Glory F5 & Renault Megane Conquest

Американци плаќаат двојно за електричен Hummer