Џили ќе произведува во фабриките на Волво и Рено во Европа

Џили ќе појде во освојување на европскиот пазар прво со своите попрестижни марки. Производство во Кина отпаѓа, поради тоа што Европа наскоро ќе ги оптовари кинеските електрични автомобили со високи царински давачки. Се размислува за производство во Европа.

Кинескиот автомобилски концерн Џили Аутомотив ќе ги користи фабриките на своите партнери, за да ги ограничи последиците од претстојните високи царини за ЕВ од Кина. „Имаме бројни партнери во Европа и проверуваме какви се можностите да ги користиме постоечките капацитети“, изјави Виктор Јанг, потпретседател во Џили Група, при конференција за медиуми за време на франкфуртскиот саем за добавувачи Аутомеханика.

Јанг цени дека фабриките на Волво Карс и Рено во Европа се од посебен интерес за Џили. Во предвид доаѓа и фабрика на Мерцедес, но таа не се наоѓа во Европа, додаде менаџерот.

БИД веќе гради фабрика во Унгарија

Одговарајќи на новинарско прашање, Јанг не ја исклучува можноста за изградба на сопствена фабрика во Европа. Кинескиот производител БИД уште во декември 2023 година најави дека ќе гради нова фабрика во Унгарија. Во Сегедин веќе отпочнаа градежните работи, а се очекува фабриката да почне со работа кон завршетокот на 2027 година.

Имајќи предвид дека ЕУ наскоро ќе воведе високи казнени царини, Џили засега не гледа големи шанси за евтините и малечки електрични автомобили од Кина на европскиот пазар. Место тоа, кинескиот производител на автомобили во почетокот ќе става поголем нагласок на поголемите и поскапи електрични автомобили.

Редовно се разговара со партнерите

Потпретседателот не сакаше да открие колку се напредувани разговорите со партнерите. Јанг исто така не ги открива можните модели, фабриките и планираниот обем на производство. Тој само одговори дека се водат постојани преговори со партнерите, без да наведе подробности.

Од Рено и од Волво Карс не коментираат околу плановите на Џили. Кинезите се поврзани со Рено преку новооснованиот концерн за мотори со внатрешно согорување Хорс Пауертрејн. Двата партнери заеднички ја лансираа компанијата. Волво е дел од Џили уште од 2010 година. Во врска со Мерцедес, основачот на Џили, Ли Шуфу, поседува 10 проценти од акциите во Штутгарт.

Царините ќе го погодат и Волво

Европската Унија најави дека од ноември ќе стапи на важност т.н. компензирачка царина за електричните автомобили од Кина. На производителите што изработуваат електрични автомобили во Кина, им се закануваат дополнителни давачки во висина и од преку 35 проценти.

Тоа не ги погодува само кинеските производители, туку и компаниите како Волво Карс, Дачиа и БМВ. При одредувањето на висината на казнените царини решаваше меѓу другото подготвеноста на компаниите да соработуваат со ЕУ. На Џили првично му беа одредени дополнителни царини во висина од околу 20 проценти, но при понатамошното разгледување, тарифата беше смалена незначително.

Џили бара ЕУ да размисли околу воведувањето казнени царини

Менаџерот на Џили ги критикува мерките: „Цениме дека тоа не е вистинскиот начин.“ Тој побара ЕУ повторно да размисли околу мерките и укажа дека Џили соработува со бројни европски и германски партнери, како Бош и ЗФ.

САД заради заштита на сопствената индустрија воведоа увозни царини од 100 проценти за кинеските електрични автомобили. Канада ќе го следи примерот.

Три развојни центри во Европа

Во автомобилскиот огранок на холдингот Џили што е со седиште во Хангџоу спаѓаат Волво Карс, Полстар, Лотус, Лондон Електрик Виакл Компани (ЛЕФЦ) Линк и Цо, Смарт, Протон, како и чисто кинеските марки Џили Ауто, Галакси, Зикр, Фаризон, Радар и Чиџанг. Групацијата има и заеднички проект со германската компанија за летечко такси Волокоптер.

Џили во Европа има три развојни центри за автомобили: Во Гетеборг, кај Волво Карс, во германски Раунхајм, како и во Ковентри.

Видеото од тестот на Џили Кулреј

Претходна објаваДачиа и Нисан добија нови салони, отворен сервисниот центар на Аутомотив Груп во Визбегово
Следна објаваФабрика на Ланд Ровер има роботски пес чувар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here