Шпанскиот премиер Санчез го советува Брисел да размисли повторно околу царините за електричните автомобили од Кина

Чери уште годинава ќе почне со монтажа на Омода 5 во фабриката во Барцелона

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, вели дека Европската Унија треба да размисли повторно, околу намерите да воведе дополнителни царини во висина до 36 проценти, за електрични автомобили што се произведени во Кина. Санчез додава дека на Унијата не ѝ е потребна трговска војна со Пекинг.

„Ќе кажам отворено и искрено, дека треба повторно да размислиме – сите ние, не само државите членки, туку и Комисијата – за нашите ставои околу оваа тема,“ изјави Санчез за репортерите на 11-ти септември, во Куншан, Кина. Шпанскиот премиер имаше четиридневна посета на земјата и одржа средба со претседателот Си Џинпинг.

„Не ни е потребна уште една војна, во овој случај трговска војна,“ изјави Санчез. „Мој став е дека треба да изградиме мостови меѓу Европската Унија и Кина, и Шпанија. Тоа што треба да го направиме е да бидеме конструктивни и да се обидеме да изнајдеме решение, компромис, меѓу Кина и Европската Комисија.“

Шпанија веќе се избори за голема инвестиција од кинескиот Чери Ауто, којшто уште годинава ќе почне со монтажа на возила од својата големоволуменска марка Омода, во поранешната фабрика на Нисан во Барцелона.

Кина и ЕУ водат трговски спор, откако Брисел реши да ги зголеми царините за електрични возила што се произведени во Кина, под образложение дека кинеските компании добиваат нефер помош, во форма на државни субвенции, и ја преплавуваат Европа со својата прекумерна продукција.

Брисел возврати со тоа што отпочна анти-дампинг истрага во ЕУ, за извозот на бренди, млечни производи и преработки од свинско месо. Шпанија е посебно погодена од тие мерки, како најголем извозник на свинско месо од Европа.

Во средбата што се одржа на 9-ти септември, Си му кажа на Санчез дека очекува зајакнување на врските, посебно во високата технологија и во новите достигнувања во енергетиката, во исто време искажувајќи фрустрација од потиснувањето на кинеските фирми од ЕУ.

„Се надеваме дека Шпанија ќе продолжи да создава фер, рамноправна, сигурна и недисккриминативна средина за бизнис за кинеските компании што вложуваат и работат во Шпанија,“ кажал Си, според објавата на државната новинска агенција Синхуа.

 

Претходна објаваКинески Џили бара локација за да изгради фабрика во Европа
Следна објаваТри бродови полни со електрични автомобили на Донгфенг на пат за Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here