Русија има олдтајмери за покажување: Фестивал на GAZ

Автомобили и камиони произведени од 1932 до 1988 година во GAZ учествуваа во фестивалот во Нижни Новгород, со којшто на соодветен начин беше одбележана 800-годишнината од основањето на рускиот град.

Историски автомобили произведени во погоните на GAZ се вратија во својот дом, во рускиот град Нижни Новгород, за големиот јубилеј на градот. Стотина автомобили учествуваа во одушевувачката колона, верно пренесувајќи го духот на старите времиња. Тоа што исто така остави посебен впечаток беше извонредната сочуваност на руските возила, каква што сцената обично помни од настаните во западноевропските држави.

Бројната публика што го следеше фестивалот можеше да забележи возила од сите периоди, почнувајќи од најраните модели, како легендарниот автомобил GAZ-A, преку камионети GAZ-AA, до последните примероци од народниот крстосувач Volga, произведени во годините по расформирањето на Советскиот Сојуз.

Историја и сегашност, едно до друго во фабриката во Нижни Новгород: GAZelle NN е нова генерација на познатите доставни возила на рускиот гигант, од којашто веќе се испорачуваат примероци и на македонскиот пазар

https://photos.app.goo.gl/Em3cUkjZCaVtKZ1P6

Во прославата учествува и уникатни автомобили, каков што е лимузината GAZ-6, со првата каросерија што носи потпис на FAZ. Уште еден бесценет автомобоил беше GAZ-12 ZIM, прва лимузина со три реда седишта и со аеродинамична каросерија. Во фабриката во Нижни Новгород се произведувале и амбулантски возила базирани врз GAZ-21 Volga, како што можеа да забележат присутните на фестивалот. Возила што учествувале во Втората светска бојна, денес се внимателно реставрирани, дел по дел, за што исто така можеше да посведочи публиката. Од тие историски вредни возила, на фестивалот се појавија командирски „емки“ M1 и „газики“ GAZ-67.

https://photos.app.goo.gl/c5ZdoEKLyCQdxGQdA

Глеб Никитин, гувернер на Нижоградскиот регион, коментира: „GAZ е еден од симболите на Нижни Новгород. Компанијата одигра многу важна улога за победата на Источниот фронт во Втората светска војна, во повоеното обновување на земјата и во развојот на советската индустрија. Се гордееме што GAZ ги надмина сите предизвици во транзицијата и сега е еден од светските лидери во бројни подрачја.“

Главниот настан во фестивалот беше минувањето на колоната возила низ главниот влез на „Горки Автомобиљни Завод“ (GAZ), по што се минуваше покрај модерната производствена линија. На местото, каде што пред многу децении се произведуваше легендарниот камион GAZ-AA, денес се произведуват доставните возила GAZelle NN и товарни модели од генерацијата Next. По почесното возење низ фабриката, возилата се упатија кон градскиот стадион, а потоа и кон Катедралата на Александер Невски, каде што беше организирана изложба на автомобилите.

GAZ моментно е мошне актуелен на македонскиот пазар на доставни возила со новата генерација на GAZelle NN, меѓу другото со мотори TDI од Volkswagen и со технологија што не заостанува зад Ford Transit и останатите познати модели од тој сегмент.

https://photos.app.goo.gl/UjdJp1ZJkk3yrtkg9

https://photos.app.goo.gl/DgoeaQCMBJaLXAV56

https://photos.app.goo.gl/2Chpu5dDd2PyJoZA8

https://photos.app.goo.gl/V9Rnon6EmMde4iY77

https://photos.app.goo.gl/XsCRtS64SS9c9QPp8

https://photos.app.goo.gl/4VpymvHoY37XNFm7A

https://photos.app.goo.gl/FDm34V3iHZ4g13Uw5

https://photos.app.goo.gl/PUuATbocaoPVSFaB6

https://photos.app.goo.gl/T6uQzhxbtARe81iH8

https://photos.app.goo.gl/JEE8zifJfcARPKQt6

 

Претходна објаваКрадците на автомобили си најдоа алатка во Apple Airtags
Следна објаваАко акумулаторот покажува знаци дека ќе откаже, тогаш ќе откаже

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here