Први во светот, француските власти ќе воведат единствен вид субвенција, со којашто ќе се поттикнува замената на старите автомобили со нови електрични велосипеди.
Трговците со стари автомобили во Франција се во паника. Властите подготвуваат воведување на досега единствен вид субвенција во светот. Старите автомобили што се штетни за животната средина, повеќе не мора да се заменуваат само со нов автомобил што е подобар за живиот свет околу него и за климата, туку може да се заменат и за најсовремен електричен автомобил. За тоа е предвидена субвенција во висина до 2.500 евра.
Француското народно собрание го изгласа предлог законот. Парламентарците ќе додадат во важечките одредби соодветна клаузула за поттикнување на користењето на електрични велосипеди. Досега можеше да се добие субвенција само при замена на старото со ново возило.
За француската министерка за сообраќај Барбара Помпило, тоа претставува „културна пресвртница“. Таа гледа поголем контекст околу воведувањето на субвенцијата за велосипеди: „Со децении ги градевме трговските центри среде зелена ливада. Создававме авионски врски, заради одржување средби на две места што се оддалечени два часа со воз. Дозволивме автомобилите во центарот на градовите да ги загадуваат нашите белчи дробови… Тоа е апсурд и мораме да му ставиме крај.“
Француските власти си поставија цел до 2030 година да ја смалат емисијата на СО2 за 40% во споредба со нивото во 1990 година
Едногласно прифатениот предлог закон предвидува со државната субвенција да се опфатат и велосипеди што имаат повеќе од две тркала. Тоа значи дека ќе се поттикне и користењето товарни велосипеди. Опфатени се и тандем електричните велосипеди, како и преклопливите велосипеди.
















