Форд не најде купувачи за Капри и Експлорер, фабриката во Келн отпушта 1000 работници

Никој не се заинтересира за новите модели Капри и Експлорер на Форд. Од 2026 година, во фабриката во Келн ќе се работи во само една смена.

Поради слабата побарувачка, производителот на автомобили Форд ќе отпушти до 1.000 вработени во својата фабрика во Келн. Од почетокот на 2026 година, место во две смени, ќе се работи само во една смена, соопшти компанијата.

„Свесни сме за последиците врз нашите соработници и се залагаме да им обезбедиме најдобра поддршка на погодените лица“, изјави претставник на Форд. На отпуштените лица ќе им биде исплатена отпремнина.

Во моментов во Келн се произведуваат двата електрични модели Експлорер и Капри.

Фабриката на Форд во Келн со години наназад се движи по надолна спирала. Во 2018 година, таму доаѓаа на работа 20.000 лица, во моментов одвај има 11.500 вработени. До 2027 година ќе следат уште 2.900 отпуштања.

Шефот на производителот на автомобили од САД, Џим Фарли, неодамна изјави пред дилерите во САД, дека повторно ќе се развиваат автомобили за европскиот пазар.

Мошне е извесно дека и тие модели ќе користат како основа техника од Фолксваген, исто како што е случај со Капри и Експлорер. Фолксваген во меѓувреме постигнува одлична продажба со своите електрични модели, што Форд ги користи како основа.

Претходна објаваФолксваген Туарег се враќа како електричен СУВ, прв со новата платформа ССП
Следна објаваБи Уај Ди и Липмотор се спречкаа кој повеќе продава на германскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here