Би Уај Ди и Липмотор се спречкаа кој повеќе продава на германскиот пазар

Шефот на Стелантис тврдеше дека нивната кинеска марка Липмотор во Германија продава повеќе од Би Уај Ди, овие се побунија.

БИД осум месеци во низа се соочува со пад во продажбата во Кина

Кинескиот производител на автомобили Би Уај Ди излезе со соопштение, во коешто категорично го побива тврдењето на шефот на концернот Стелантис, Антонио Филоса. Тоа покажува колку е сериозно соперништвото меѓу кинеските производители, додека се пробиваат на европскиот пазар.

Филоса на еден настан во организација на консултантската куќа Кеплер Шевро, кажа дека кинескиот партнер на концернот Стелантис, Липмотор Интернационал, според неговите сознанија, во август во Германија продал повеќе автомобили од Би Уај Ди. Овие сметаат дека тоа е невистина и го докажуваат тоа со приложување на нивните бројки.

Од јануари до август, Би Уај Ди продадоа на германскиот пазар 8.610 автомобили, значително повеќе од Липмотор со 3.546 возила. Кај Би Уај Ди, според нивни податоци, продадени се 5.832 електрични автомобили и 2.757 приклучни хибриди. Наспроти тоа, Липмотор има продадено 3.088 е-автомобили и 448 приклучни хибриди.

Би Уај Ди, патем, во Германија ги престигнаа и сопствените марки на концернот Стелантис: Алфа Ромео заостанува зад Кинезите со вкупната продажба, додека Џип исто така има продадено помалку електрични автомобили и приклучни хибриди. „Покрај тоа, Би Уај Ди во вкупната продажба брзо му се приближува на Џип,“ стои во соопштението.

Стелантис стои на ставот

На прашањето од Блумберг, преставник на Стелантис посочил дека Филоса зборувал само за август, „кога Липмотор навистина беше прва кинеска марка во земјата – со најголем број на нови регистрации на нови батериски електрични автомобили и со највисок пазарен удел.“

Според службените податоци на германската агенција за моторен сообраќај, Би Уај ДИ во август имаат продадено 1.114 возила, додека од јануари до август се постигнати вкупно 8.563 продажби, што е мала отстапка од податоците што ги објави производителот.

Истата агенција наведува дека Липмотор во август има продадено 826 возила, односно 3.531 во првите осум месеци.

Донгфенг во меѓувреме се пробива сé посилно на македонскиот пазар, тестот на Еолус Мејџ

Липмотор профитира од Стелантис

Од внатрешни извори се дознава, дека Би Уај Ди ја спуштиле целта за годинава да продадат 5,5 милиони автомобили на светскиот пазар. Место тоа, сега важат 4,6 милиони автомобили како цел, објави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извори од компанијата. Тоа е намалување од 16 проценти.

Една од причините за тоа, очигледно е притисокот од соперничките производители, вклучувајќи го Липмотор. Стелантис од 2023 година поседува 21 проценти од акциите на кинескиот производител. Во 2024 година почна со работа заедничката компанија Стелантис Липмотор Интернационал, за продажба на возилата на Липмотор во Европа и ширум светот.

Липмотор ја користи дилерската мрежа на Стелантис и се снабдува со резевни делови преку истата. Во моментов се гради фабрика во Сарагоса, Шпанија.

Претходна објаваФорд не најде купувачи за Капри и Експлорер, фабриката во Келн отпушта 1000 работници
Следна објаваЕлектричен Мерцедес-Бенц возеше 1.205 километри без да полни батерија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here