за

Овој човек во своите 84 години поседувал 55 автомобили Fiat

Англичанецот Дејвид Френклин е веројатно најверниот сопственик на автомобили од една марка. Тој штотуку го презеде својот 55-ти автомобил Fiat. На струја, секако.

По близу 60 години од купувањето на својот прв Fiat во животот, црвен Fiat 500D, Дејвид Френклин го презеде својот 55-ти модел со знакот на Fiat. Станува збор за примерок од серијата New 500 RED.

Дејвид, родум во Бакингемшир, својата работна кариера ја започнал како тест возач во Fiat, за подоцна да стане тркач. Англичанецот на возраст од 84 години, ја запознал својата сопруга Микела додека работел во Fiat. На сведбената свеченост, тие се одвезле со Fiat 2300 Estate. Господин Френклин цени дека има поминато над 600.000 милји зад воланот на сите свои автомобили Fiat, што е близу еден милион километри. Меѓу трите омилени автомобили му се New 500, Multipla и 850 Coupe.

Поврзаноста меѓу Дејвид и Fiat почнува во 1962 година, кога тој се вработува како промотер во првото дилерство на Fiat во Велика Британија, во Вембли. Истата година, Дејвид го купува својот прв Fiat, примерок од историската прва генерација од Fiat 500D, што тогаш чинела 399 фунти. Денешната противвредност би била 5.800 фунти.

Во своите 12 години работа во Fiat, напредувајќи прво во тест возат, потоа во технички претставник и во технички директор, Дејвид го достигнува врвот во својата кариера како оперативен директор за Fiat 130. Знаменосецот на Fiat имаше мотор V6 од 3,2 литри.

Британецот во меѓувреме учествувал и на рели трки ширум земјата. Меѓу 1963 и 1967 година, Дејвид учествувал на 31 натпревар, освојувајќи четиринаесет први места, девет втори места и едно трето место.

New item by Automedia MK / Google Photos

Причина повеќе за Дејвид да ја засака марката Fiat е неговата сопруга Микела. Родена во Милано, таа во 1964 година се преселува во Велика Британија и работи за Fiat. Во септември 1966 година, Дејвид и Микела се венчаат во идиличното село Белаџио, покрај езерото Комо. За долгото патување до Италија им служи Fiat 2300 Estate. Тоа е првиот модел на марката со автоматски менувач.

Дејвид го напушта работното место во Fiat, за во 1974 година да се приклучи во семејниот бизнис на својот брат. Но, тој останува верен на марката Fiat. Во неговата гаража секогаш има автомобил од италијанската марка.

Дејвид објаснува: „Fiat никогаш не ме изневерил, па и јас нема да го изневерам“. Британецот секоја година патува до Италија најмалку еднаш, вклучувајќи ги и семејните патувања кога децата биле помлади.

Во февруари годинава, Британецот беше горд кога седна во својот New 500 (RED) Edition. Новиот автомобил е сличен со неговиот прв Fiat 500 во 1963 година, но е посебно важен по тоа што е прв целосно електричен автомобил што Дејвид го поседува.

Искуството во електричниот Fiat, тој го опишува „електричниот 500 е како сите Фиати, големо уживање е за возење. Многу е тивка, управувањето е исклулиутелно лесно и брзо стартува – некогаш очилата ми завршуваат на задното седиште“.

Изборот на трите најдобри Фиати на Дејвид

New item by Automedia MK / Google Photos

Во изборот на трите најомилени модели на Fiat, Дејвид ги издвојува практичната Fiat Multipla, многустраниот 850 Coupe, со којшто има постигнато две први места во своите тркачки денови, и New 500, со неговите перформанси што прават возењето да биде големо уживање.

Список на модели што ги поседувал Дејвид

Дејвид во животот поседувал 55 модели на Fiat, почнувајќи од 1962 година. Тоа се вкупно 32 различни модели, што значи дека некои омилени модели повеќепати се појавувале во возниот парк на Британецот, како Multipla, 850 и 500.

  • 500
  • 127
  • 850
  • Uno
  • Uno Turbo
  • Croma
  • Multipla
  • Panda
  • Lancia Thema Turbo
  • 1300
  • 1500
  • 128
  • 850S
  • 850 Idroconvert
  • 850 Coupe
  • 124 Estate
  • 131 (2 door)
  • 131 (4 door)
  • 132 Argenta
  • 2300 Estate
  • Hot Uno 55S
  • 600
  • Marea
  • Tipo 16 Valve
  • Coupe Turbo 5 Cylinder
  • Lancia Dedra Turbo
  • Bravo
  • Coupe. 5 cylinder
  • Punto
  • 500X
  • 500X Sport
  • 500 Electric (RED) Edition

Јонизатор, е-тротинет, хромирани лајсни: Што нуди Fiat како прибор за Nuova 500

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari Purosangue не е СУВ, само има 4 врати

Stellantis ќе си ги врати акциите од GM вредни милијарда долари