за

Наука според Fiat: Возачите се најсреќни во кабриолет

Возењето без покрив ја подобрува среќата за 19 проценти, го смалува стресот до 32 проценти и ја подобрува будноста до 15 проценти. Fiat си обезбеди убави аргументи за својот 500C.

Возењето со спуштен покрив значително го подобрува расположението на возачите и воопшто ја подобрува возачката способност, за разлика од возењето со подигнат покрив. Ова е прва научно поддржана студија што ја докажува делотворноста на кабриолетот.

Во соработка со професорката по возачко однесување на Универзитетот Кранфилд и основачка на PsyDrive, докторка Лиза Дорн, истражувањето финансирано од Fiat имаше за цел да докаже дали возењето со спуштен покрив ги подобрува физичката и емотивната добросостојба.

Резулатите покажаа дека седењето зад воланот на кабриолет прави возачите да бидат посреќни, побудни, а на подолг рок, тоа може дури да има корисни придобивки и по здравјето.

Пред тестирањето беше одредуван стилот на возење за секој учесник, со користење на „Driver Stress Inventory“. Тоа имаше за цел да покаже дали некои учесници се предодредени да бидат агресивни или желни за адреналин зад воланот.

Кога беше спуштен покривот, кај сите возачи беше измерено значително зголеммување за најмалку 6 проценти на „хедонисточкиот тон“, што е мерка за среќа. Најголемо влијание имаше кај поагресивните возачи, кај коишто беше измерено подобрување на расположението за 20 проценти. Сличен ефект се постигнува и по напорен тренинг во теретана.

Возењето без покрив влијаеше и промените во срцевите отчукувања да се смалат за една третина (32%). Причината за тоа е поврзувањето со природата околу и чувствувањето на ветерот во косата.

Кабриолетите прават и возењето да биде побезбедно, затоа што се зголемува будноста за најмногу 15 проценти и се смалуваат негативните емоции, како што се фрустрацијата и бесот, за 20 проценти.

Влијанието е исто кај мажите и жените. Разлика се јавува единствено во тоа што возењето кабриолет им ја зголемува енергичноста на жените, а тоа влијае на будноста и реакцијата при опасност.

Докторка Лиза Дорн има добри вести и за електричните автомобили, кај коишто „се зголемува ефектот, поради тоа што тие создаваат помалку врева и овозможуваат возачите подобро да се поврзат со средината.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрични во Германија: Volkswagen ја престигна Tesla

Opel преоѓа дизајнерско ниво погоре, ова може да е идната Manta