за

Fiat започна со производство на новиот 600е

По два месеци од светската премиера, Fiat веќе го пушти во производство важниот нов модел 600e во фабриката на Stellantis во Тихи.

Првиот произведен примерок од Fiat 600e има каросерија во портокалова боја „Sun of Italy“, слично на спотот со којшто Торино вети дека никогаш повеќе нема да произведува сиви автомобили. Електричниот кросовер стартуваше во врвната изведба La Prima.

Торино го развиваше новиот Fiat 600e со замисла моделот да го понуди најдоброто од светот на класичните градски модели и на СУВ-моделите од градскиот сегмент (Б-сегмент). Со овој модел Fiat се враќа во сегментот во којшто претходно го имаше во понуда 500 L, изведен како семеен ван.

Во почетокот ќе се нуди само електричната изведба, којашто постигнува досег од преку 400 километри при комбинирано возење, односно над 600 километри, доколку се вози исклучиво во град – разликата доаѓа оттаму што 600e генерира струја при секое забавување и сопирање, што е својствено за возењето во град.

Освен во верзијата Red, новиот модел се произведува уште во ексклузивната изведба La Prima, со којашто Fiat го одбележува стартот на моделот.

Фабриката во Тихи, Полска, започна со работа во 1975 година. Во фабриката во моментов работат повеќе од 2.000 лица. Производственото портфолио ги опфаќа Jeep Avenger, Fiat 500 и Fiat Panda. До декември лани, од полската фабрика излегоа 10,8 милиони автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 3008: Втора нула за екстра вредност

ЕУ планира царина место субвенции за електричните автомобили од Кина