Домашната прослава на новиот Фиат 500 Хибрид започна на 21-ви ноември и ќе трае до 1-ви декември, преку најразновидни настани, од филмски фестивал до маратон.
На Италијанците, посебно на премиерката Џорџа Мелони, од големо значење им е тоа што Фиат 500 се враќа во Италија, и тоа во историското Мирафиори, во фабриката во Торино. Рим бара концерните да го вратат производството во земјата. Во таа чест, првата посебна серија од Фиат 500 Хибрид се води под името Торино, што не можеше да важи за претходникот, произведуван во Полска.
Инспирацијата на производителот се повикува на 1957 година, на првиот Чинквеченто, којшто е „израз на љубов и на самата Италија: нејзината забава, нејзиниот дух, нејзината генијалност и на полетта за живот,“ порачува Торино во соопштението.
Фиат отсекогаш умеел да ги прослави автомобилите на вистинскиот начин, вклучувајќи го лансирањето на Пунто Ево од воениот носач на авиони Кавур во 2009 година, па така и со Фиат 500 Хибрид. Моделот и досега постоеше на сцената и имаше одлично поглавје, посебно во времето на субвенциите во Германија, меѓутоа се произведуваше само во електрична изведба. Италијанците направија досега единствена отстапка и од електричниот 500 развија изведба со благ хибриден погон. Тоа е 500 Хибрид.
Според првичните информации од Аутомобиле СК, Фиат 500 се очекува да стартува на македонскиот пазар во следното лето, односно до третото тромесечје во 2026 година.
Програмата на прославата
21-ви Ноември
Фиат 500 Хибрид е официјален партнер на 43-от Филсмки фестивал во Торино
Фиат го поддржува фестивалот ТТФ во својот роден град, како еден од најважните настани на филмската сцена во земјата. Службените возила на фестивалот се Фиат 500 Хибрид, коишто ги превезуваат ѕвездите од филмското платно, продуцентите и режисерите, сета пратечка индустрија на филмот.
Возилото цела седмица ја мина под историската Моле Антонелиана и во театарот Реџио. Националниот Музеј на Филмот, којшто се наоѓа во самата Моле Антонелиана, организираше и посебна изложба под мотото на прославата.
- Посебна изложба во центарот за историски возила
Во срцето на Мирафиори, Фиат подготви поставка Добредојдовте во домот на Фиат 500, во центарот за историските возила на Стелантис. Секоја просторија од поставката раскажува различно историско поглавје, и во секое присуствува Фиат 500.
22-ри и 23-ти Ноември
Фиат 500 Хибрид е придружничка на Венити Фер Сторис, културен настан во Театро Лирико Џорџо Габер во Милано, фестивал на раскажувањето приказни. Личности од светот на културата, музиката, филмот и технологијата раскажуваа приказни на фестивалот што се одржуваше два дена. Мотото е „Здружете се“, а Фиат 500 е симбол на „Италијанската љубов, иновацијата и иднината на одржливата мобилност“. Извршниот директор Оливие Франсоа имаше посебна чест на овој раскажувачки настан.
23-ти ноември
Фиат 500 Хибрид го спонзорираше Маратонот во Торино и го водеше патот на илјадниците маратонци покрај историските знаменитости на градот, секако не одминувајќи го самото Мирафиори.
29-ти и 30-ти ноември
Низата прослави се заокружи со одбележување на почетокот на продажбата на Фиат 500 Хибрид.
















