Француската марка имаше голем предизвик со новата генерација на Твинго, модел од времето кога Рено беше специјалист за ванови, и симпатичниот автомобил беше токму микро-ван, Мини Еспас. Предизвиците денес се сосем други, да се постигне цена кога кинеските производители притискаат од секаде и моделот да се пушти во продажба, пред сите останати. Како Рено го создаде новото Твинго?
На новата генерација на Твинго се работеше буквално на сите страни на светот. Тимови на групацијата Рено, на огранокот за електрични возила Ампер, на инженерскиот центар АЦДЦ и од фабриката во Ново Место, Словенија, каде што ќе се произведува клучниот модел, во следната серија од 5 куси видеа, зборуваат за создавањето на овој автомобил.
Рено во меѓувреме постигнува одличен успех со електро-реинкарнацијата на легендарната „Санк“ од 1970-те години (тестот на електричен Рено 5 во Аутомедиа), што до октомври има надминато 60.000 продажби. На тоа следат уште 6.200 примероци од спортската верзија Алпин А 290. Се чека и Рено 4 СУВ, електричното Твинго е совршено заокружување на тројката.
Прва епизода: Команден режим
Предизвикот е да се создаде малечок градски автомобил што се инспирира од првото Твинго, по цена споредлива со модел со обичен погон. Храбар европски одговор на предизвиците на електромобилноста. За тоа да се постигне, се здружија тимовите за дизајн, за пазар и за инженеринг. Како изгледаше таа работа, погледнете во првата епизода
Втора епизода: „Повеќе со помалку“
Во втората епизода се зборува за двојниот предизвик, да се понуди достапен модел и во исто време на многумина да им се овозможи пристап до нивниот прв електричен автомобил.
Трета епизода: „Нови процеси“
Како тимовите го забрзаа развојот на Твинго, со беспрекорно координирана работа на дизајнерите, инженерите и менаџерите, во француски Техноцентар, во Кина и во Словенија.
Четврта епизода. „Да се направи невозможното“
Оваа епизода зборува за подготовката за производство.
Петта епизода: „Раѓањето на новата икона“
Рено Твинго на 6-ти ноември првпат се појави пред светот во престижниот салон на Рено на Елисејските Полиња во Париз.
















