за

Роџер Федерер тестираше електричен Mercedes EQS

На швајцарскиот тенисер му се допаѓа интеракцијата меѓу Mercedes EQS и возачот: „Се чуствува поврзаност со возилото, се постигнува сосем ново чувство на блискост“

Роџер Федерер е долгогодишен амбасадор на Mercedes и сцената често го гледа покрај возилата на штутгартската марка. Поради повреда на коленото, тој нема да учествува на претстојниот Лавер Куп во Бостон. Но, повредата не го спречи во неговата родна Швајцарија да го тестира луксузниот крстосувач на струја, Mercedes EQS.

Откако лани беше откажано неговото одржување поради пандемијата, Лавер Купот продолжува годинава. Турнирот ќе се одржува од 24-ти до 26-ти септември во Бостон, САД. Ова ќе биде четврта година на истиот, по претходните изданија во 2017, 2018 и 2019 година. Mercedes-Benz уште од почетокот го обезбедува турнирот со возен парк, за тенисерите, организаторите и за избрани гости.

„Неверојатно е тоа што се случи по првото одржување во 2017 година. Тимскиот дух, фановите и првенствено грандиозната атмосфера, правата Лавер Куп да биде еден од моите лични хајлајти во календарот на турнири“, изјави Роџер Федерер. „Разочаран сум што овојпат не можам да присуствувам поради повредата на коленото. Со сигурност ќе присуствувам во следната година во Лондон.“

Федерер од далечина ќе го следи дуелот меѓу Тим Европа и Тим Свет. Во рамките на купот Лавер, двата тима се соочуваат со по шест тенисери. Во секој од трите денови од турнирот, се играат по четири натпревари – три единечни и еден во двојки. Победничкиот тим добива бодови за секој меч: Еден во петок, два во сабота и три во недела. За освојување на купот се неопходни 13 бодови. Победничкиот тим ќе биде познат дури во недела.

New item by Automedia MK / Google Photos

Годинава во возниот парк за турнирот во Бостон ќе бидат испорачани електричните лимузини Mercedes EQS. Роџер Федерер претходно го тестираше крстосувачот на струја во Швајцарија, на посебен настан. „Навистина сум одушевен. Долгиот досег е идеален за мене, како професионален тенисер. Ми се допаѓа хајперскринот. Благодарение на високата интерактивност, човек се чувствува како да е поврзан со возилото – се добива сосем ново чувство на блискост. EQS според мене претставува сосем нова генерација возила.“

>>> Дизајн на Славче Таневски за првиот електричен Mercedes-Maybach

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голем тест на зимски гуми на ADAC (II дел): Димензија 225/50 R17

Возачка дозвола во телефонот од денес во примена во Германија