Мароко ќе добие пет фабрики за кабли за автомобили вредни 180 милиони $

Мароко потпиша договори за инвестиции во вкупна вредност од 180 милиони долари, со пет добавувачи на кабли за автомобилската индустрија. Со овој чекор се излегува во пресрет на зголемената побарувачка од производителите на електрични автомобили.

Најголема е инвестицијата на јапонскиот добавувач Yazaki, во нова фабрика вредна 38 милиони долари во Тангер. Дополнителни 40 милиони долари се вложуваат во проширување на постоечките фабрики во Кенитра и Тангир.

Sumitomo е вториот јапонски гигант што вложува во проширување на фабриката за кабли во Казабланка. Нивната инвестиција изнесува 15 милиони долари.

На свеченото потпишување на договорите со властите на Мароко, американскиот добавувач Lear најави изградба на фабрика за кабли во Мекнес, во вредност од 20,6 милиони долари, како и изградба на нова фабрика за терминали и конектори во Тангир, вредна 28 милиони долари.

Германскиот Stahlschmidt ќе инвестира 11 милиони долари во фабрика за кабли и системи на брави во Тангир. Петтата компанија е TE connectivity, со инвестиција од 20,8 милиони долари во Тангир, во фабрика за конектори и за монтажа.

Компаниите од автомобилската индустрија постигнаа највисок извоз од Мароко во последните седум години. Во минатата година, извозот достигна 8,6 милијарди долари, за 16% повеќе отколку во претходната година

Автомобили во Мароко произведуваат Renault и концернот Stellantis, со своите марки Peugeot и Citroen.

Од земјата лани беа извезени 358.745 автомобили, што претставува раст од 18 проценти во споредба со 2020 година.

Планот е производството на автомобили да се зголеми на 1 милион возила. Моментно се произведуваат околу 700 илјади автомобили, од кои 40.000 се електрични. Од компонентите што се вградуваат во возилата, 63 проценти се од домашно производство.

Автоиндустријата се снабдува од 38 фабрики за компоненти во Украина

Претходна објаваЛеопард ја запре фабриката на Mercedes во Индија
Следна објаваШтедливиот Mitsubishi во Германија се продава подобро од Ford Focus

1 КОМЕНТАР

  1. […] И американскиот снабдувач Леар најави изградба на фабрика за кабли во Мекнес, вредна 20,6 милиони долари, како и изградба на нова фабрика за терминали и конектори во Тангир, вредна 28 милиони. долари. Германскиот Шталшмит ќе инвестира 11 милиони долари во фабрика за кабли и брави во Тангир. Петтата компанија е TE connectivity, со инвестиција од 20,8 милиони долари во Тангир, во фабрика за конектори и склопување, објави аутомедиа. мк. […]

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here