Штедливиот Mitsubishi во Германија се продава подобро од Ford Focus

Тоа е однесување за пример. Во овие времиња на пандемиски ограничувања, поскапувања, неизвесност, се бара тоа што нема да создаде уште толку дополнителни трошоци и се цени тоа што е доволно, ниту премалку, ниту премногу. Mitsubishi Space Star, еден од најдостапните и најштедливи автомобили на германскиот автомобилски пазар – и кај нас, нормално – ги живее своите најдобри времиња, повторно.

Само бројките од продажбата на нови автомобили на германскиот пазар се доволни за внимание. Volkswagen Golf, најпродаваниот автомобил во земјата (и) во првите два месеци од 2022 година, постигнал 16.993 продажби на домашниот пазар. Во Македонија, во последната нормална година, пред да се пушти масивниот увоз на евтини користени автомобили од бугарските автоплацеви, а тоа е далечната 2009 година, имало увезено 10.574 нови патнички автомобили и уште 2.944 користени автомобили.

Рекордна е 2008 година, кога беа регистрирани 17.744 нови возила. Заклучокот е тој, во Македонија во најдобрата година се продале помалку нови автомобили отколку што во Германија се продаваат само од Golf – за само два месеци, во лоша година за пазарот.

Тоа што го привлекува вниманието во вредно и педантно изработената статистика за тамошниот пазар, не е тоа што Mercedes-Benz GLC и Mercedes-Benz C-Class се седми и осми најпродаван модел (6.881 и 6.458 примероци соодветно) во јануари и февруари, туку е високиот пласман на Mitsubishi Space Star, со 3.411 продадени примероци.

Најмалечкиот, а воедно и единствен патнички модел на Mitsubishi во понудата во Европа, до пристигањето на новиот ASX врз база на Renault Captur в година, во Германија чини 9.490 евра, во тековната акциска понуда. Будните „прајсвочери“ веднаш ќе реагираат дека цената на Space Star кај нас е страшни 500 евра повеќе отколку во Германија. Меѓутоа, тие што гледаат и меѓу редови, ќе забележат дека германската цена е за изведба на Star без клима уред. За тоа, возачките и возачите во Германија мора да посегнат по моделот што таму чини 10.790 евра, акциски евра.

Зошто се случува толкава „помама“ по малечкиот Mitsubishi Space Star, кога тамошниот народ е богат, навикнат е на луксуз и спокоен е, затоа што властите не го крадат каде што ќе стасаат?

Одговорот, според тоа што ние оттука цениме дека е причина за долгиот продажен „стинт“ на Space Star: На сите тестови што досега ни ги има обезбедено Мак Аутостар, секогаш бил прв заклучокот, дека кабината е попросторна од тоа што се насетува однадвор, возењето е лесно и едноставно, моторот е моќен, опремата е доволна, а потрошувачката е шампионска.

За својот Mitsubishi, увозникот наведува потрошувачка од 5,9 литри во град, според реалната норма WLTP, потоа 4,4 литри при возење по спореден пат и 5,4 литри при возење по автопат. Тоа дава просек од 5,0 литри. Дополнително, емисијата од 104 грами СО2 на километар не им предизвикува главоболки и плаќање скапи еко-давачки на германските возачки и возачи.

Без дисплеи, карбонски играчки, стилизирани копчиња и материјали што се најубави на око; Тоа ценовно би го преоптоварило „старов“; Затоа, пак, се` што е потребно за добро возење е тука, плус уште нешто

Пред неколку денови имавме повик во редакцијата, од читателка којашто побара совет за моделите што се најдостапни на македонскиот пазар. Меѓу моделите што објективно ги издвоивме, се најде и Mitsubishi. Нашата ценета читателка: „Да, па токму натаму бевме појдени…“

Тимот на Мак Аутостар што ја води продажбата на Mitsubishi во Македонија, предводена од ценетиот Владица Кокаловиќ, лани освои прво место во Европа, како најдобар дилер на јапонската марка, според уделот на марката во вкупната продажба на возила во Македонија.

Бидејќи е очигледно дека ќе минат уште долги години додека нашиот најубав македонски пазар на автомобили се отрезни од „евтините“ користени автомобили од бугарските плацеви, во овие викенд моменти на послободно размислување, доаѓа и следната помисла: Зошто во целиот наплив од користени (стари и искористени, ама од луксузна марка) автомобили од соседството и од главниот извор за користени автомобили, од Германија, некако постојано отсуствуваат достапни и солидни малечки и штедливи автомобили од типот на Mitsibishi Space Star. Одговорот: Затоа што никој не сака да ги продаде, а доколку некој и продава таков модел, тој е поскап од големите лимузини околу, затоа што неговото користење е евтино.

Тест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

Најпродаваните 100 автомобили на германскиот пазар во првите два месеци од 2022 година

  ЈАНУАРИ фЕВРУАРИ
GOLF 8,847 16,993
TIGUAN 5,294 10,151
T-ROC 3,061 7,914
CORSA 3,408 7,503
OCTAVIA 3,650 7,363
MINI 3,733 7,221
GLK, GLC 3,226 6,881
C-KLASSE 3,112 6,458
3ER 3,378 6,378
A3, S3, RS3 3,172 5,898
500 3,364 5,705
A4, S4, RS4 3,334 5,646
TRANSPORTER 2,569 5,568
PASSAT 2,679 5,156
MOKKA 2,770 5,130
LEON 2,251 4,592
FORMENTOR 2,594 4,533
T-CROSS 2,730 4,508
SANDERO 2,241 4,375
X1 2,329 4,242
YARIS 2,213 4,138
UP 1,861 4,042
KONA 2,161 4,034
A6, S6, RS6 2,112 4,014
MODEL 3 3,690 3,967
POLO 2,162 3,927
5ER 2,089 3,793
DUCATO 2,182 3,748
CADDY 1,980 3,503
FOCUS 1,882 3,432
MIRAGE, SPACE STAR 1,935 3,411
FABIA 1,717 3,386
ATECA 1,379 3,370
CEED 1,955 3,323
KAROQ 1,783 3,318
E-KLASSE 2,053 3,266
Q3 1,635 3,161
PUMA 1,345 3,154
ASTRA 1,813 3,114
A-KLASSE 1,491 3,107
KUGA 1,580 2,883
KODIAQ 1,623 2,868
X3 1,206 2,842
GLA 1,148 2,710
V-KLASSE 1,555 2,706
TOURAN 1,241 2,697
SUPERB 1,490 2,682
TRANSIT, TOURNEO 1,299 2,617
CROSSLAND X 1,203 2,616
KAMIQ 1,110 2,553
4ER 1,383 2,535
MODEL Y 2,254 2,396
ML-KLASSE, GLE 955 2,392
XC40 1,127 2,377
TUCSON 1,396 2,342
208 941 2,257
  1,065 2,221
1ER 836 2,197
CLIO 1,222 2,135
GRANDLAND X 1,208 2,095
Q5 1,083 2,065
COROLLA 1,028 2,017
ARONA 1,092 1,986
FIESTA 1,350 1,982
ID.3 1,023 1,965
DUSTER 1,019 1,955
ID.4 1,033 1,929
ZOE 1,101 1,925
IONIQ5 948 1,902
B-KLASSE 897 1,859
Q2 860 1,811
XC60 1,150 1,780
I 30 864 1,767
I3 974 1,756
ECLIPSE CROSS 980 1,738
SPORTAGE 828 1,717
FORTWO 921 1,715
2ER 965 1,705
CLA-KLASSE 897 1,689
2008 867 1,677
TWINGO 790 1,675
IBIZA 851 1,669
A5, S5, RS5 901 1,653
JUMPER 961 1,641
3008 838 1,636
ENYAQ 822 1,566
TOUAREG 611 1,545
RAV 4 903 1,538
CAPTUR 798 1,515
I 10 842 1,512
C-HR 859 1,511
ARTEON 804 1,509
X5 770 1,494
TARRACO 594 1,407
GLB 615 1,345
QASHQAI 787 1,333
911 672 1,327
TAIGO 664 1,303
A1, S1 612 1,297
E-TRON 615 1,292

Претходна објаваМароко ќе добие пет фабрики за кабли за автомобили вредни 180 милиони $
Следна објаваPorsche Carrera GT: Купен за 450.000, продаден за 1,9 милион долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here