Леопард ја запре фабриката на Mercedes во Индија

Најголемиот удел во вестите што ги пласира автомобилската сцена во последниве месеци обично отпаѓа на запирање фабрики поради недостиг од чипови, поради прекин на добавувачкиот синџир како последица од руската интервенција во Украина. Од Индија пристигна една крајно необична вест. Фабрика на Mercedes мораше да паузира, поради тоа што имаше непланирана посета од еден леопард.

На запирањето на фабриките никој не се радува, тоа е далеку од забавна тема. Но, во овие вонредни времиња од секое гледиште, некогаш вест за затворање фабрика навистина може да нé насмее. Во индиската фабрика за автомобили на Mercedes беше запрено производството поради посетата од страна на тригодишен леопард. Големата мачка, на сликите што деновиве ќе го прошетаат целиот свет, покрај останатите вести, воопшто не изгледа опасно и непријателски. Напротив.

Случката во фабриката на Mercedes во индискиот Пун датира од понеделникот. Тригодишен мажјак леопард влегол во кругот на фабриката. Потоа следела целосна евакуација на фабриката. Производствените ленти мирувале дури шест часови. Се чекало стручните лица од организација за заштита на природата „Wildlife SOS“ и локалните служби да ја успијат големата мачка и да ја заловат.

Четиричлен тим за итни интервенции го затворил пристапот во подрачјето, пред да го онеспособат леопардот со помош на стрела со анестетик. По заловувањето, леопардот бил пренесен во кафез во Чакан. Животното таму било под медицински надзор, по што било утврдено дека може повторно да се пушти на слобода во шумите.

Соосновачот на Wildlife SOS, Картик Сатјанарајан, не се двоуми околу причините за леопардот да влезе во фабриката за автомобили: “Поради брзото напредување со уништувањето на нивната природна средина, леопардите се присилени да навлегуваат во населените подрачја. Во индиската сојузна држава во којашто се наоѓа фабриката на Mercedes, живеат најмногу леопарди на километар квадратен во земјата.

Претходна објаваToyota ја најавува GR Corolla, но многу тајно
Следна објаваМароко ќе добие пет фабрики за кабли за автомобили вредни 180 милиони $

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here