за

BMW, Audi & Co. повторно имаат растечка продажба во САД

Американскиот автомобилски пазар ја надмина кризата. Volkswagen Audi, BMW и Porsche постигнаа значително зголемување на продажбата во март. Се чека уште Mercedes да ги објави продажбите.

Повторно заживува автомобилскиот пазар во САД, по големиот пад поради корона-кризата. Лидерот General Motors (GM) драстично ја зголеми продажбата во првото тромесечје. Одлично поминаа и премиум марките BMW, Audi и Porsche, па дури и Volkswagen напредуваше во својот дел од пазарот.

Продажната статистика за првите три месеци од годината за пазарот во САД им донесе голема радост на автомобилските производители. Во првиот квартал е забележан голем раст во споредба со истиот период лани, кога пандемијата го блокираше и пазарот на автомобили. Останува традицијата на американскиот пазар, најголем раст имаа СУВ-моделите и пикапите.

Volkswagen во периодот од јануари до март продал 90.853 нови автомобили со знакот на VW во САД, што е за 21% повеќе во споредба со првиот квартал лани. Најбарани беа моделите Atlas и Tiguan, кои во најголема мера придонесоа за Volkswagen во март да постигне највисока месечна продажба од 2021 година наваму. Напредок имаше уште во последниот квартал лани, кога продажбата на VW порасна за 11 проценти.

Посестринската комшпанија Audi во првото тромесечје имаше уште поубедливо зголемување на продажбата, со дури 33% повеќе испорачани возила, односно со вкупно 54.840 автомобили. Има уште една марка од концернот што ја зголеми продажбата: Porsche напредувал за 45% и продал вкупно 17.368 автомобили. BMW брилјира со бројот на продадени возила, односно со вкупно 71.433 возила, што е раст од 20 проценти. Позитивен тренд има и кај Mini, којашто е дел од групацијата BMW. Во претстојната седмица се очекува и Mercedes-Benz да ги објави продажбите на пазарот во САД.

Се очекува продажбата да продолжи да расте

Најмногу возила на американскиот пазар продава General Motors, благодарение на растечката побарувачка за СУВ-модели. Концернот продал вкупно 642.250 возила, што е за 3,9 проценти повеќе отколку во првиот квартал лани. Без кризата со чиповите, GM веројатно ќе продадеше уште повеќе возила на домашниот пазар. Со истиот проблем се соочува и Ford. Најголемиот ривал на GM во првите три месеци од годинава продал 521.334 возила, што е практично исто како лани. Fiat Chrysler, кој сега е дел од концернот Stellantis, постигнал 469.651 продажби и раст од 25 проценти. Toyota исто така ја зголеми продажбата, на 603.066 возила (+22%).

>>> Toyota вложува во американска фирма за роботски возила

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi ќе вози на Рели Дакар

Audi прв ќе вози на струја на Рели Дакар

Овие држави најмногу се загреани за електромобилноста