ЕУ си обезбеди нов извор на литиум: Чиле место Кина

Европската Унија планира да склучи спогодба за суровини со Чиле. По тој повод, комесарот Тјери Бретон и министерот за надворешни работи на Чиле, Алберто ван Клаверен Сторк, потпишаа писмо на намери.

Европејците посебно се заинтересирани за резервите од литиум на Чиле. „Белото злато“ е незаменливо во литиум-јон батериите, што меѓу другото се користат и во електричните автомобили.

ЕУ по 2035 година повеќе нема да дозволува регистрирање нови возила со мотор со внатрешно согорување. Пресвртницата во начинот на којшто луѓето патуваат ќе продолжи да напредува. Паралелно со тоа ќе расте и бројот на жители што го користат јавниот превоз и ги споделуваат роботските такси возила.

Но, тоа нема да смени многу во производството и побарувачката на автомобили, затоа што индустријата и натаму ќе произведува десетици милиони електрични автомобили секоја година. Неопходно е да се обезбеди снабдување со литиум за таа маса нови автомобили.

Најважен добавувач во моментов е Кина, меѓутоа ЕУ од политички причини бара поголема независност. Во корист на заштитата на животната средина и смалување на трошоците, производителите на автомобили исто така учествуваат во истражување и развој на батерии, што во помала мера содржат литиум или воопшто не го содржат.

Претходна објаваНајвредниот трофеј во голфот донесен со највизионерскиот Mercedes
Следна објаваКако Кина ги престигна сите за да стане светски лидер во електричните возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here