за

Двостепен менувач ќе го продолжува досегот на електромобилите

Електричните автомобили немаат потреба од повеќестепен пренос. Една компанија разви двостепен менувач, кој може досегот на возилата на батерија да го зголеми до 15 проценти.

Двостепен менувач ќе го продолжува досегот на електромобилите Inmotive

Канадската компанија Inmotive разви двостепен менувач за електрични автомобили. Тој е достапен, издржлив и од клучна важност е за возењето на струја, затоа што може да го продолжи досегот.

Постоењето еден и единствен преносен однос досега не му пречело никому во електричните автомобили. Електромоторот работи тивко и сеедно е дали тој во моментот работи со петстотини или пет илјади вртежи. Од друга страна, нема потреба од „редукција“, затоа што електромоторот уште од старт испорачува вртежен момент колку обичен мотор при две или три илјади вртежи. На таа тема досега немаше новини – со исклучок на Porsche Taycan, што сепак располага со повеќестепен пренос.

Канадската компанија Inmotive има интересна „новина“. Нивниот двостепен менувач нема да влијае премногу врз цената на возилото, издржлив е, но е најважно тоа што може да заштеди батерија, за досегот да се продолжи до 15 проценти. Предноста од вториот степен се покажува при возење по автопат. Повисоката ефикасност на погонот што се постигнува на тој начин, може да се искористи за возилото да поседува помала батерија, а тоа значи и поевтино електрично возило.

Менувачот е подготвен за сериско производство, се водат преговори со добавувачи на големите автомобилски концерни

Тестирањата се завршени успешно и нејзините изумители ценат дека технологијата е подготвена за вградување во сериско производство. Големите добавувачи на автомобилските концерни ќе имаат можност да тестираат електрични возила со двостепениот менувач на Inmotive, што во компанијата веруваат дека ќе им донесе голем бизнис.

Меѓу предностите на канадската конструкција е тоа што нема прекин во влечната сила додека се префрлува од еден во друг степен. Денешните автоматски менувачи не се најсоодветни за електричните автомобили, ценат во Inmotive.

Двостепениот менувач Ingear е незначително поголем, чини 150 долари, а на производителите ќе им заштеди 1.500 долари, затоа што во возилата ќе можат да вградуваат помала батерија. Повисокиот преносен однос е корисен и при влечење приколка и возење по нагорнина, додека понискиот преносен однос придонесува и за продолжување на крајната брзина.

Моментно се водат завршни преговори со два големи автомобилски добавувачи, а интерес покажуваат уште неколку компании.

>>> Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Chevrolet продава кит за преоѓање на електричен погон

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes во септември испорачал 2.500 примероци од електричниот EQC

Mercedes во септември испорачал 2.500 примероци од електричниот EQC

Еуро 7 стапува на сила во 2025 тешко за моторите

Еуро 7 стапува на сила во 2025, тешко за моторите