DS 7 Crossback ќе си ја бара шансата со хибриден погон

DS 7 Crossback

Францускиот СУВ сака да се издвојува во острата конкуренција со плагин хибриден погон. Сите идни модели на DS ќе се нудат и во изведба со две срца. DS 7 Crossback вози 50 километри на струја

Нова изведба пристига во моделското семејство на компактниот СУВ на француската премиум марка. DS 7 Crossback E-Tense 4×4 располага со системски 300 КС и 450 њутнметри, погон на сите тркала и способност да извози 50 километри на батерии – според новиот циклус WLTP. Сите идни модели на DS ќе се нудат и во верзија со хибриден погон.

DS 7 CROSSBACK - E-Tense 4x4 fl

Конкурентот на Mitsubishi Outlander PHEV комбинира бензинец со 200 КС и два електромотори со по 109 КС (напред со 337 Nm, назад со 166 Nm), а со тоа следува и нов осумстепен автоматски менувач. Капацитетот на литиум-јон батеријата изнесува 13,2 kWh, а тешка е 120 килограми. Во електричен режим може да се постигнат до 135 km/h, односно 220 km/h при комбинирана работа. Спринтот до темпо сто трае 6,5 секунди, за меѓузабрзување од 80 до 120 km/h се потребни само 4,4 секунди.

Хибридниот погон во DS 7 Crossback се темели врз искуствата во Формула Е

DS се повикува на искуствата што ги има стекнато во Формула Е, посочувајќи најмногу на техниката за регенерација на енергијата при сопирање. Дополнителна функција на погонската спрега е E-Save, којашто овозможува во батеријата да се сочува енергија за 10 до 20 километри возење на струја.

При користење на ѕиден терминал со 32А и 6,6 киловати, батеријата се полни за 2 часа, односно за 8 часа доколку се користи сопствениот полнач и обична приклучна кутија.

Peugeot e-Legend прикажува висока мода на салонот во Париз

Топ 10 Најпродавани модели со хибриден погон во Европа

Претходна објаваRenault создава острови што се независни од фосилни горива
Следна објаваPeugeot му дава шарм на хибридниот погон