за

Јапонски шпедитер нарача 5.000 електрични камиони од кинескиот DFSK

Електричните возила од производителите во Кина почнаа да привлекуваат големи клиенти и во Јапонија. DFSK, марка чијшто мали камиони ги знаеме и од македонските патишта, ќе испорачува за моќна шпедитерска компанија во островската држава.

Тоа е придобивка од масивното вложување на кинеските производители во електрични возила. Бавното реагирање на сопственото производство на возила во Јапонија, на големите промени што се случија и уште се случуваат во електромобилноста, направи големите компании со возни паркови во земјата да нарачуваат возила од Кина. DFSK повторно е херој на автомобилскста сцена.

Кинеските производители на електрични возила започнуваат офанзива со камиони и автобуси на јапонскиот пазар. Офанзивата ја предводи DFSK, заедничка компанија на Dongfeng и Sokon, чијшто возила се солидно присутни и во нашето улично секојдневие.

DFSK ќе испорача 5.000 примероци од своите малечки, но способни камиони за јапонскиот холдинг SBS, еден од водечките шпедитери во земјата. Уште 5.000 возила со електричен погон ќе бидат испорачани од страна на BYD, вклучувајќи автобуси што на јапонскиот пазар се нудат со дисконт од 40%. Редовната цена на електричните автобуси на BYD изнесува 40 милиони јени, односно околу 305.000 евра.

Производителите на електрични возила од Кина вешто ја пополнуваат празнината што се создаде во транспортниот сектор во Јапонија, откако компаниите почнаа да вложуваат во електрификација на своите возни паркови, за да излезат во пресрет на заострените стандарди за заштита на животната средина во земјата. Јапонските производители на возила не реагираа доволно брзо на трендот на електромобилноста. Пазарот сепак има огромна потреба од електрични возила. Високата побарувачка ја покрија кинеските компании, кои веќе масовно произведуваат возила со погон на струја, како товарни, така и патнички.

Компактен камион со електричен погон од јапонски производител би чинел двојно повеќе од DFSK

Електричните камиони на DFSK се варијанта на познатата моделска серија C31-C37, од којашто досега на македонскиот пазар се испорачани повеќе од илјада примероци со бензински мотор. Со носивост до 1 тон, овие електрични камиони ќе бидат во служба на шпедитерот SBS. Договорената цена по возило изнесува 3,8 милиони јени (околу 29.000 евра), што значи дека јапонскиот шпедитер ги добива електричните камиони по иста цена со јапонските камиони со обичен погон. На тоа следат уште државните субвенции, така што електричните еднотонски камиони на DFSK на крајот ќе бидат и поевтини отколку домашните камиони.

Досегот што го постигнуваат камионите со полна батерија се движи до 300 километри. Возилата ќе се користат за испорака на пратки до крајниот примач.

Во следните пет години, SBS ќе замени 5.000 јапонски камиони со дизел мотор, со кинески камиони со електричен погон. Според процените на SBS, исти камиони како електричниот DFSK, од домашно производство би чинеле најмалку 10 милиони јени.

Видеото е на германски јазик, но и деталноста на описот е германска:

>>> Работа не се завршува со добра фотелја, туку со добар камион

Линк до страницата на увозникот во Македонија

http://abcbrother.mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo Cars постигна рекордна заработка во 2021 година

Германските министри се возат во електрични автомобили