за

Volvo Cars постигна рекордна заработка во 2021 година

Минатата година му донесе рекордна добивка и рекорден промет на шведскиот производител. Volvo продаде 700.000 автомобили и заработи близу две

Пазарот покажа висока побарувачка за автомобилите на шведскиот производител Volvo во минатата година. Спротивно на трендот, компанијата дури и ја зголеми продажбата за 6% и постигна рекорден промет и рекордна добивка, и покрај долготрајната криза со чипови и материјали со којашто се соочува браншата.

Volvo во минатата година оствари промет во висина од 282 милијарди шведски круни, што е раст во споредба со 2020 година, кога беа 262,8 милијарди круни. Оперативната заработка на годишно ниво изнесува 20,3 милијарди SEK (преклани 8,5 милијарди). Оперативната маржа за 2021 година изнесува 7,2 проценти. Тоа е стапката на чиста заработка остварена од вкупниот промет на Volvo.

„Volvo Cars треба да се гордее на 2021 година. И покрај постојаниот кусок во добавувањето на компоненти за автомобилската индустрија, ние го зголемивме нашиот пазарен удел на светскиот пазар и постигнавме историски рекорди за прометот и за профитабилноста“, изјави Хакан Самуелсон, извршен директор на Volvo Cars.

Прометот во последното тромесечје се намалил за 6 проценти (80,1 милијарди SEK) во споредба со истиот период во 2020 година. Пазарот покажа голем интерес за возилата на Volvo, но производството не можеше во чекор да ја следи побарувачката, затоа што недостигаа компоненти од добавувачите. Бизнисот беше префрлен на модели на коишто се постигнува повисока заработка, за на тој начин да се надомести негативното влијание од намалената продукција.

Volvo вложува масивно во фабриката за батерии Northvolt, како и во марката електрични возила Polestar

Оперативната заработка во завршниот квартал лани ќе беше уште поголема, доколку не мораше да се вложува масивно во заедничките проекти со останатите компании (фабрика за батерии Norhtvolt), исто како и во подмарката електрични возила Polestar, којашто уште се развива. Швеѓаните реализирале оперативна заработка од 3,7 милијарди во последниот квартал, односно постигнале оперативна маржа од 4,6 проценти. Без вложувањата во Polestar и во заеднички компании, чистата маржа достигна 7,1 проценти.

Меѓу октомври и декември биле продадени за 20% помалку возила, но затоа пораснала побарувачката за електричните и хибридните модели од фамилијата Recharge. Нивниот удел изнесува 34 проценти. На приклучни хибриди отпаѓаат 28 проценти од продажбата, шест проценти се чисто електрични автомобили.

Volvo го зголеми производствениот капацитет за електрични автомобили и во престојното лето се очекува капацитетот да биде зголемен на 150.000 возила годишно. Во шведската марка очекуваат дека тоа ќе доведе до удвојување на продажбата на чисто електрични возила годинава, во споредба со лани.

За претстојниот период, останува неизвесноста околу снабдувањето со чипови и материјали. Volvo сепак очекува во 2022 година да продаде повеќе автомобили, благодарение на високата побарувачка за чисто електрични модели.

>>> Во автомобилите на Volvo ќе може да се гледа јутјуб

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla уште чека одобрение за фабриката во Берлин

Јапонски шпедитер нарача 5.000 електрични камиони од кинескиот DFSK