Германските министри се возат во електрични автомобили

Возниот парк на германските министри почнува да се електризира. Тоа се должи на фактот што Зелените се дел од новата сојузна влада, пишува германскиот магазин Ауто Билд.

Една нарачка за електричен автомобил е во тек, два електрични автомобили веќе се набавени, а еден службен електричен автомобил од претходната влада ќе продолжи да се користи. Во објавата на ценетиот германски магазин Ауто Билд се наведува дека електричните автомобили се наменети за министерската за надворешни работи Аналена Бербок, за министерот за земјоделство Чем Оздемир и за министерката за фамилија Ане Шпигел.

Фрау Аналена Бербок во иднина ќе се вози во Mercedes-Benz EQS, кој е верзија на S-Class што вози чисто на струја. Чем Оздемир ќе го возат во Audi e-tron, додека Ане Шпигел избра BMW i4.

Министерката за животна средина Штефани Лемке ќе продолжи да го користи Mercedes-Benz EQC на претходничката Свенја Шулце. Во минатата владејачка гарнитура, електричниот СУВ беше прво министерско возило со комплетно електричен погон. Уште е неизвесно каков службен автомобил ќе користи Свенја Шулце, по преоѓањето во министерството за развојна помош.

За сојузниот канцелар Олаф Шолц веќе одамна се подготвува Mercedes S 680 Guard со дванаесетцилиндарец и со цена од преку половина милион евра. Шефот на владата ќе се вози во блиндирана лимузина, за да се заштити од можни напади.

Предизвик за инженерите е да се блиндира електрична лимузина

Техничарите уште немаат реализирано електрична лимузина што е заштитена од напади. Најголем предизвик е заштитата од експлозија на батеријата што се наоѓа долж целиот под на возилото. Високата тежина на блинидирана лимузина е дополнителен предизвик за електричниот погон.

Во едно од 14-те возила на сојузната служба против криминал се вози вицеканцеларот Роберт Хабек. Магазинот Ауто Билд во објавата го спомнува и минисерот за сообраќај Фолкер Висинг, кој уште нема одлучено за службениот автомобил. Тој се наоѓа пред голем предизвик, затоа што за време на неговата служба треба да се работи посебно на целта на владината коалицијата, до 2030 година во Германија да бидат регистрирани 15 милиони електрични автомобили.

>>> Канцеларот Шолц го врати Mercedes S-Class во служба

Претходна објаваЈапонски шпедитер нарача 5.000 електрични камиони од кинескиот DFSK
Следна објаваLamborghini е уверен дека светот ќе сака класични мотори и по 2030 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here