за

Канцеларот Шолц го врати Mercedes S-Class во служба

Новиот германски канцелар Олаф Шолц избра блиндиран Mercedes S-Class за службено возило. Четиритонскиот крстосувач издржува 12 килограми експлозив.

Олаф Шолц е деветтиот германски канцелар и за службена лимузина избра Mercedes-Benz S 680 Guard. Во континуитет од половина век, од 1949 до 1998 година, канцеларите се возеа во Mercedes. По долга пауза, Штутгарт повторно испорачува возило за германскиот канцелар.

Новиот германски канцелар Олаф Шолц ќе се вози во Mercedes-Benz S 680 Guard. Долгата традиција на марката со сребрената ѕвезда во служба на канцеларот беше прекината во 1998 година, кога тогашниот премиер Герхард Шредер го шокираше Штутгарт и избра Volkswagen Phaeton. До заршувањето на мандатот во 2005 година, „мистер Audi“, нарекуван така поради неговите четири бракови и четирите прстени во знакот на баварската марка, избираше и серија 7 на BMW и Audi A8. Од 2000 до 2005 година, тој сепак го врати Mercedes во високата државничка служба. Ангела Меркел во своите 16 канцеларски години најчесто се возеше во Audi, но повремено и во серијата 7 на BMW и во Mercedes S-Class 600 Guard.

Автомобилот на Шолц е замок на тркала, што издржува 12,5 килограми експлозив. Со своите 4,2 тони, S 680 Guard тежи двојно повеќе од стандардна S-Class, но и чини двојно повеќе, конкретно 544.000 евра. Моторот е V12 со 612 КС. Само ветробранот тежи 120 килограми. Во рамките на тестирањето биле испукани 300 проектили кон возилото, без ниту еден да предизвика повреда на тест-куклите во кабината.

Прв канцелар што нарача блиндирана лимузина беше Хелмут Шмит, во времето на „РАФ“. Неговите претходници Аденауер, Ерхард, Кисингер и Брандт, избираа нормални модели Мercedes од сериско производство.

Службениот Mercedes на канцеларот Конрад Аденауер е постојана поставка во „Куќата на историјата“ во Бон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Whirlpool го претвори Peugeot Expert во кујна на тркала

Porsche седумдесет години продава автомобили во Австралија