за

Whirlpool го претвори Peugeot Expert во кујна на тркала

Дизајнерската лабораторија на Peugeot во соработка со Whirlpool изработи уникатен камион за храна, што ќе патува на голема европска турнеја.

Производителот на уреди за домаќинство ja најавува Whirlpool Experience Tour во соработка со Peugeot. Во рамките на оваа несекојдневна турнеја, на бизнис-партнерите ќе им се промовираат комби стимери. Овој вид уреди досега се користеше претежно во гастрономијата, но истите сé почесто се наоѓаат и во домовите.

Whirlpool и Peugeot ќе соработуваат во создавањето ново и ексклузивно искуство, врз основа на нивното позиционирање како врвен генералистички бренд со моќни и уникатни дизајни на производи. Peugeot Design Lab дизајнираше комерцијално возило за храна, со дизајн инспириран од малите ресторани и од гастрономијата.

Овој уникатен бренд-амбасадор е изработен врз основа на моделот Peugeot EXPERT, а за изработката беше задолжена компанијата BCC. Пред да се отвори новата сезона во април 2022 година, Whirlpool Experience Tour успешно ја заклучи првата сезона во 2021 година, со посетени 20 градови и извршени 72 обуки со учество на повеќе од 500 продавачи.

Дизајнерите на Peugeot Design Lab и Whirlpool со дизајнот на ова комерцијално возило за храна, наречено Whirlpool Experience Tour, во фокус го ставија задоволството на клиентите. Просторот во возилото е комплетно приспособен за посебната примена на возилото. Левата страна на возилото целосно се подигнува и го ослободува пристапот до две големи работни површини што се извлекуват нанадвор. На тој начин се создава кујна со беспрекорна ергономија. Готвачот има мијалник и плоча за готвење на идеална висина, како и простор за складирање и две парни печки на дофат. Има и интегрирана настрешница што штити за време на демонстрирањето на парните печки на Whirlpool.

New item by Automedia MK / Google Photos

Со овој иновативен и спектакуларен концепт, готвачот за прв пат е на иста висина со продавачите, за на тој начин да се постигне порелаксирано чувство при демонстрирањето на производите. На задната страна на камионот за храна има мултимедијален систем со голем екран, инспириран од концептот „Le Bistrot du Lion“ за прикажување упатства и објаснување на карактеристиките на печките.

Каросеријата на гастрономскиот Peugeot е бојадисана со шара што се повикува на светот на пареата, комби-стимерите на Whirlpool се новиот врв меѓу кујнските апарати

Whirlpool Experience Tour е вистински амбасадор на брендот, со својот прецизен дизајн и останува доследен на „бистрономскиот“ дух на примена на барањата на големите готвачи на едноставни, достапни јадења во порелаксиран амбиент. Работната плоча и предните делови на комерцијалното возило за храна се направени од бела италијанска керамика со антибактериска површина, што е без мирис и лесна е за чистење. Месинганите додатоци ја нагласуваат работната плоча. Сивата Titanium боја на каросеријата на комерцијално возило за храна, со своите шари од тон-во-тон, се навраќа во светот на пареата и ја рефлектира естетиката на врвните печки Whirlpool. 

New item by Automedia MK / Google Photos

Благодарение на технологијата SteamSense на печките на пареа Whirlpool W6 и W7, кои користат импулсна топлина и вбризгување на пареата, храната е крцкава, златно-кафеава однадвор и мека одвнатре. Храната се готви брзо и рамномерно. Водата се полни во рерната со помош на практична фиока.

Секако дека се почитува и животната средина, сончев панел обезбедува електрична енергија за напојување на ладилникот

Whirlpool Experience Tour е базиран на Peugeot EXPERT Long, модифициран од BCC (Hauts de France). Компактен (5,30 m) со оглед на неговата кинематика, лесен за маневрирање и висок само 1,90 m, може едноставно да се паркира на повеќето паркиралишта. Дополнителна приколка, со иста боја на каросеријата како комерцијалното возило за храна, содржи фрижидер и дополнителен прибор. Сончевиот панел го напојува фрижидерот додека генератор ги одржува сите апарати во функција.

New item by Automedia MK / Google Photos

Групацијата Whirlpool, инспирирана од концептот на комерцијално возило за храна „Le Bistrot du Lion“, со помош на студиото Peugeot Design Lab, го разви приспособливиот концепт на возило за храна. Следејќи го комерцијалното возило за храна Gillardeau, Peugeot Design Lab повторно ја покажува својата иновативна и релевантна експертиза за своите клиенти кои не се во автомобилскиот свет.

За Whirlpool и PEUGEOT, дизајнот, емоциите и технологијата се во срцето на дизајнот на производите. Печките Whirlpool на W Collection нудат модерна, чиста, минималистичка естетика и добро осмислена ергономија. Брусениот нерѓосувачки челик е комбиниран со екрани и површини на допир. Дизајнот на најновите Peugeot возила комбинира сензуални облини, остри рабови и светлосен потпис во форма на три лавовски канџи, додека i-Cockpit® го истакнува искуството при возење.

New item by Automedia MK / Google Photos

Peugeot и Whirlpool, генералисти и стручни, имаат слично позиционирање на брендот. Нивните клучни зборови се перформанси и ефикасност, но и социјална и еколошка одговорност. Ова партнерство е исто така во согласност со новиот слоган на Whirlpool “The sense of what is really essential” или во буквален превод -„Чувството за она што е навистина важно“ и има за цел да промовира спокојство за себе и планетата.

Peugeot Expert е достапен и во чисто електрична изведба, впрочем целата понуда од товарни модели на Французите може да се нарача во електрична верзија

Рерните W Collection ветуваат комбинирано готвење на пареа без маснотии, што значи дека храната ги задржува своите витамини. Електрифицираните, 100% електрични (e-208, e-2008, e-PARTNER, e-EXPERT и e-BOXER) или Plug-In хибридните модели на Peugeot (308 hatch и SW, 3008, 508 седан и SW) го комбинираат уживањето во возењето согласно со стандардите за емисија на CO2.

Пред да се отвори новата сезона во април 2022 година, Whirlpool Experience Tour завршува успешна прва сезона во 2021 година! Минатото лето беше на турнеја во Франција, со 20 посетени градови и 72 едночасовни сесии за обука, дадени на повеќе од 500 продавачи заведени од овој уникатен, инвентивен и ексериментален концепт за обука.

Во втората фаза, брендот планира да нарача други примери за демонстрации во неговата европска мрежа: Италија, Полска и Велика Британија.

New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla TS со кумовски благослов од Suzuki

Канцеларот Шолц го врати Mercedes S-Class во служба