за

Денес е ден против вревата: Се слави тишината

Денес светот го одбележува Денот против вревата. На 28-ми април не се прославува вревата, туку нејзиното отсуство.

Светскиот ден на велосипедите е ден и за Skoda

Постојат добри причини зошто светот одбележува ден во којшто порачува да се смали вревата. Според Светската Здравствена Организација (СЗО) вревата е вториот најголем ризик по здравјето во Европа.

Вревата предизвикува стрес и на тој начин им штети на срцето, крвотокот и метаболизмот. Според Европската агенција за животна средина, повеќе од 100 милиони лица во Европа живеат во средина со врева што му наштетува на здравјето. Проблемот ги погодува сите. Дивите животни исто така трпат последици од нашата врева.

Сообраќајот е голем, ако не и единствен извор на бучава. Тоа е уште една причина, зошто освестените европски градови сé повеќе ја префрлуваат мобилноста во урбаните средини на велосипеди. Вревата е неспоредливо помала отколку при возењето автомобил – особено во условите во Македонија, кога и возниот парк е стар, со гласни дизели, со полуфункционални придушувачи во издувот, а згора и со возачи што како да уживаат кога улицата одекнува од нивниот автомобил. Единствено што е потивко од користењето велосипед е одењето пеш.

Начинот што е најделотворен во насока на потиснување на бучавата од сообраќајот, без притоа да се „одзема“ од остантите видови превоз, но затоа и најскап начин, тоа е поставување ѕидови за заштита од бучава, подземни сообраќајници и организирање мрежа за краткотрајно изнајмување велосипеди. Но, тоа е скапо и бара многу време.

Уште една мера за намалување на бучавата е ограничување на брзината на 30 km/h на подрачје на цел град. Пример за успешно спроведување на вакви системи е Барцелона, којашто во некои делови го ограничува сообраќајот дури и на 10 km/h. Друг проблем е тоа што некои велосипедисти ги користат деловите од градовите што се ослободени од сообраќај со возила, па јурат како да сакаат да покажат кој е главен во моментот, доведувајќи ги пешаците во опасност и во непријатност. Брзинско ограничување секако дека постои и за велосипедистите. Мора да постои меѓусебна почит меѓу сите учесници во сообраќајот и секој да ги почитува правилата на движење во заедничка средина, што во спротивно би прешла во хаос.

Еден ден, секако дека и автомобилите повеќе нема да произведуваат бучава, кога возниот парк масовно ќе го сочинуваат електрични возила. На тоа секако се надоврзува и отсуството на штетна емисија.

СЗО во новите препораки за намалување на бучавата од 2018 година, ја зема предвид и бучавата што луѓето ја создаваат при рекреирањето. Пуштањето гласна музика среде природа, додека стотици или илјадници луѓе се дојдени да уживаат во звуците и општо во убавините на природата, исто така се цени како загадување на средината со прекумерна бучава. Сето тоа треба да води кон нешто што светот го нарекува квалитет на живеење.

Ова се трендовите кај велосипедите во новата сезона

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia sportage black edition n

Најпродавани автомобили во Македонија во март

Peugeot e-2008 најдобар кросовер на струја според Топ Гир