Дефендер од ограничена серија Трофи Едишн во салон во Скопје

Дефендер годинава го враќа на сцена најголемиот возачки предизвик, историскиот Камел Трофи. Во таа чест е изработена посебна серија од Дефендер 110, подготвена за секаква авантура, а пак луксузна.

Дифендер Трофи Едишн во салон во Скопје

Во салонот на Аутомобили Груп е изложен примерок од ограничената серија Дефендер 110 Трофи Едишн. Дефендер, секако како марка на Џагјуар Ленд Ровер, покрај Рејнџ Ровер и Дискавери, во минатата година започна со низа локални предизвици за авантуристи, од коишто ќе бидат избрани најдобрите, за понатаму да продолжат во финалето што се одржува наесен. Во чест на овој голем настан, Дефендер изработи серија под името Трофи Едишн, во ограничен број.

Намерниците во салонот на Џагјуар Ленд Ровер во Скопје лесно ќе го препознаат ексклузивниот примерок од Дефендер, што го обезбеди македонскиот увозник. Лакиран во боја на песок, со црни додатоци на сите страни, јасно е дека се работи за примерок од ограничената серија Трофи Едишн.

Основа за овој модел е Дефендер 110 со трилитарски дизел мотор со 350 КС, којшто е буквално надграден со масивен кривен носач за багаж и преклопливи скалила до него, со 132 килограми носивост, со два куфери отстрана (24 литри, 17 килограми), што се заштитени од вода и кал, наменети за обувки и облека што не се за внесување во кабина, секако со издвоен вшмукувач за воздух за моторот, и нормално, со логоа насекаде, што укажуваат дека се работи за посебната моделска изведба Трофи Едишн.

Меѓу бројните стандардни ставки се ексклузивните челични тркала од 20 инчи, лакирани во сјајна црна боја, калниците што не се за украс, потоа црната хауба и осветлените плочки на праговите. Покривот е црн, светлата имаат посебна графика, за музиката внатре се грижи аудиофилски специјалист Меридијан, а седиштата се обложени со лускузна виндзор-кожа, со местење во 14 насоки, греење и ладење.

Како модел од наменска серија во ограничен број, примерокот во салон располага со изобилство стандардна опрема, но поседува и неколку дополнително ставки. Иако, покрај сиот луксуз на излез од фабрика, останува малку да се додаде: Панорамски покрив, ладилник, дополнително затемнети стакла, ветробран со заштита од сончеви зраци и матрични диодни светла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Натпреварот што е предизвик и за машината и за човекот, Дефендер Трофи, ќе се одржи во октомври 2026 година, два месеци претходно, финалистите ќе дознаат каде ќе се вози. Настан од светско значење што ќе се следи масовно, некој ќе може и сам да се впушти во големи предизвици со ексклузивен Дефендер Трофи Едишн, што е дораснат за сите предизвици, а пак нуди врвен луксуз и комфор кога ќе се затвори врата.

Претходна објаваНовата Мерцедес-Бенц С-Класа вози во град без возач
Следна објаваОпел Фронтера Хибрид · Тест · Тука повеќе добивка има купувачот, отколку производителот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here