Defender доби официјален профил на ТикТок

Во улога на знаменосец: Музичарот и актер Кано го создаде првиот звучен запис за профилот на Defender на ТикТок.

Defender повторно се пушта по нова територија. Овојпат станува збор за друштвената мрежа ТикТок, за што е обезбедена ексклузивна соработка со британскиот рапер, текстописец и актер Кано.

Докажан по херојството и прочуен по авантурите по секакво беспаќе, Defender преку оваа соработка влегува во светот на музиката. Сепак постои силна врска меѓу иконскиот теренец и музиката. Одличен пример за тоа беше годинешниот фестивал Гластонбери, каде што JLR имаше улога на добавувач на службениот возен парк.

За својот нов ангажман, Кано кажува: „Defender е икона чијшто корени зафаќаат во самите почетоци на жанрот што тој го дефинираше. Како музичар, мојата цел е да бидам колку е можмо пореален и да иновирам на сличен начин, така што можам да се поврзам со ова патување“.

Defender денес е порелевантен од кога било досега и незаменлив е во кој било поглед – тоа е видот на естетиката кон којшто тежнеам со мојата музика.
Кано, музичар и актер

Со лансирањето на профилот на ТикТок, Defender ќе почне да создава дигитална заедница, којашто ќе опстојува паралелно со заедницата на сопственици на моделот, односно по ново марка – JLR, некогашен Jaguar Land Rover, од годинава се состои од четири марки: Defender, Discovery, Range Rover и Jaguar. Британците ја опишуваат компанијата и како „House of Brands“, куќа на брендови.

@defender

One way to arrive. #Defender #Kano

♬ original sound – Defender

Што се однесува до музичкото доживување во автомобилот, Defender е одлично подготвен и за таа задача. Инфо-забавниот систем Pivi Pro има освојувано награди, а ракувањето се врши преку хај-тек дисплеј од 11,4 инчи. На располагање стојат неколку аудио системи од врвниот производител Meridian.

www.tiktok.com/@defender

 

Претходна објаваЕлектричните автомобили не биле причина за пожарот на Fremantle Highway
Следна објаваНовата Mercedes E-Class во Германија почнува од 61.999 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here