Камион на Daimler носеше тон со 5 КС пред 123 години

Најстариот камион во светот се наоѓа во музејот на Mercedes-Benz и тоа воопшто не е изненадување. Daimler Motor-Lastwagen, или во превод моторно товарно возило на Daimler, потекнува од 1898 година и произведено е во друштвото  Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG).

Носивоста од 1,25 тон била исклучителна вредност во тоа време. Двоцилиндарскиот мотор на Daimler Motor-Lastwagen постигнува моќнгост од 4,1 kW (5,6 КС) при 720 вртежи во минута и располага со зафатнина од 1.527 сантиметри кубни. 

Како овој професионалец за транспорт од најраните денови успевал да ја изврши својата задача со толку ниска моќност? Успевал, бавно. Крајната брзина изнесува 12 km/h, без товар. Првите корисници на камионот од DMG секако дека биле пиварниците: Камионот од 1898 година носел дванаесет гајби пиво од по 60 литри до кафеаните.

Daimler во 1896 година ги продал своите први камиони во Англија. Во тоа време се поминати само десет години од патентирањето на автомобилот како пронајдок. Автомобилите, а уште помалку камионите, по тогашните улици се среќаваат многу ретко. Коњски запреги уште вршат превоз на лица и транспрот на стока, посебно во големите градови. За подолги релации се користи железница или брод.

https://photos.app.goo.gl/PVEbfydXWH7Lp4Dk6

Компанијата го развива своето товарно возило првенствено за превоз на стока во градовите. Купувањето камион им се исплатува на тогашните претприемачи, затоа што обезбедувањето коњска запрега со четири коњи е многу поскапа. Покрај тоа, може да се покрива поширок круг, а секако дека е важно и тоа што камионот пристига побрзо.

Во меѓувреме, германскиот производител со долга традиција веќе стартува со продажба на камион eActros со погон чисто на струја. Наскоро следат уште бројни модели на струја.

>>> Електричен Mercedes eActros разнесува пиво во Минхен

Претходна објаваŠkoda Karoq: Тенки светла и аеро-зафати за бестселерот
Следна објаваВидеото за новата Opel Astra прегледано над 800.000 пати

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here