На некој од купувачите на нова Дачиа во Германија во минатиот месец, ќе му се посреќи да биде главен добитник во наградната игра во чест на еден милион продадени автомобили од марката во земјата.
Уште е неизвесно кој од априлските купувачи ќе биде среќниот добитник. Наградата: Целата сума што таа или тој ја платиле за возилото, ќе биде вратена, Дачиа ќе ја добијат на подарок. Поголем подарок од тоа, одвај.
Секој купувач што во текот на месец април излегол со нов автомобил од салоните во дилерската мрежа на Дачиа во Германија, потенцијален добитник е за главната награда во чест на милионитата продадена Дачиа на германскиот пазар.
Наградната игра важеше за сите модели на романската марка на групацијата Рено, од европскиот бестселер Сандеро, преку Џогер, до Дастер, и секако сосем новиот СУВ-модел од компактната класа, Бигстер.
Во преградата пред совозачкото седиште во секоја испорачана Дачиа во април е ставен тикет со реден број. На 12-ти април ќе се извлече бројот на победничкиот, „златниот“ тикет. Награди има за уште 700 купувачи на Дачиа. Секој салон на марката во Германија добил по два „сребрени“ тикети да ги постави во возилата за испорака. Сребрениот тикет практично е ваучер за гориво во вредност од 500 евра. На 12-ти мај ќе се извлекуваат и сребрените тикети.

Директорот на Дачиа Дојчланд, Тило Шмит, изјави за ова големо достигнување на марката, на најголемиот автомобилски пазар во Европа: „Дачиа годинава одбележува два јубилеи. Нашето 20-годишно присуство на германскиот пазар и еден милион проадени возила во Германија. Заедно со нашите клиентки и клиенти во изминатите две десетлетија пишувавме единствена историја на успехот и се радуваме што заедно со нив ќе го прославиме тоа.“
Првата Дачиа по преземањето од Рено се продаде на германскиот пазар во 2005 година, секако тоа беше лимузината Логан. Според вредните германски статистичари, повеќе од 80 проценти од продадени Дачии оттогаш се уште во возна состојба, односно се регистрирани.
















