На Тесла не ѝ дозволија да го заштити името Роботакси, било премногу општо

Извршниот директор Илон Маск најави можност Тесла да го произведува Сајберкабот во фабриката во Гринхајде, близу Берлин.

Како што пишува порталот за технологија Тек Кранч, уште еден поднесок на Тесла до Бирото за патенти и авторски права на САД, за право за користење на името Роботакси, уште е во постапка на разгледување. Тоа барање се однесува на идната служба што треба да ги користи автономните такси возила на Тесла.

Бирото на 6-ти мај донело решение за правото на името Роботакси што уште не е конечно. Тоа значи дека Тесла може во следните три месеци да поднесе жалба до Бирото или да го повлече барањето.

Компанијата претходно се откажа од намерата да го заштити правото на името Сајберкаб, за самите автономни такси возила, затоа што е голем бројот на компании во чиешто име се појавува Сајбер.

Од Тесла уште немаат возвратено на прашањето од агенцијата Ројтерс.

Производителот од САД во минатиот месец најави дека до јуни има намера да започне со „автономен превоз за пари“ во Остин, Тексас.

Тесла во април соопшти дека за три месеци ќе мора да го преиспита својот план за раст, поради тоа што е „тешко да се измери влијанието на промените во светската трговија врз добавувачките ланци во автомобилската и енергетската сфера.“

„Сменетото политичко опкружување може да има пресудно влијание врз побарувачката на нашите производи во следниот период“, соопштуваат од Тесла.

Претходна објаваМерцедес ги објави цените на новиот ЦЛА, хибридниот модел ќе почнува од 46.500 евра
Следна објаваМилионитиот купувач на Дачиа во Германија ќе го добие возилото на подарок

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here