Трамп стокми повластена царина за автомобили од Обединетото Кралство

Џагјуар Ланд Ровер цел месец ги откажува бродските испораки за САД.

Британија, за возврат, се сложи постоечката царина да ја спушти од сегашните 5,1 проценти на 1,8 процент, како и да дозволи поголемо движење на стока од САД во Кралството.

Постигнувањето договор што Доналд Трамп го објави од Овалната Соба, претставува прв таков договор, откако Трамп започна глобална трговска војна, одредувајќи царини за секаква можна стока, по неговото враќање во Белата Куќа во јануари.

„Тоа ни отвора огромен пазар“, кажа Трамп.

Во телефонската конференција, Стармер изјави дека „тоа навистина е фантастично, ден за историјата.“

Соединетите Држави се најдоа под силен притисок од инвеститорите, коишто бараа да се постигнат договори и да запре војната со царините, откако Трамп со своето вообичаено хаотично водење политика, ја разори трговијата ширум светот, како со пријателите, така и со непријателите. Таквата политика доведе до опасност од голема инфлација и запаѓање во рецесија.

Високорангирани претставници на САД почнаа масовно да одржуваат средби со трговските партнери, откако претседателот на 2-ри април одреди царина во висина од 10 проценти за повеќето држави, како и повисоки давачки за голем број трговски партнери, коишто потоа беа одложени на период од 90 денови.

САД исто така одредија царина од 25 проценти за автомобили, челик и алуминиум, 25 проценти царина за Канада и Мексико, и дури 145 проценти царина за Кина. Претставници на САД и Кина во сабота ќе одржат преговори во Швајцарија.

Царините извршија силен притисок врз владата на Стармер, во време кога британската економија забрзува тешко.

Џагјуар Ланд Ровер ги запре испораките на своите возила во САД уште пред близу еден месец. Владата исто така мораше да го преземе раководењето со Бритиш Стил, за гигантот да продолжи да работи.

По објавувањето на веста за постигнатиот договор, вредноста на акциите на луксузниот производител Астон Мартин порасна 10 проценти.

Владата на Стармер вложува напори да изгради нови трговски врски по Брегзит, со САД, Кина и ЕУ, без притоа да се приближи до одредена страна и со тоа да предизвика негодување кај другите страни.

Претходна објаваМилионитиот купувач на Дачиа во Германија ќе го добие возилото на подарок
Следна објаваЈуниорот ѝ донесе раст во продажбата на Алфа Ромео од 29 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here