Главниот херој во зголемената продажба на Алфа Ромео во периодот од јануари до март годинава е Јуниор. За малечкиот СУВ досега се пристигнати 36.000 нарачки од 38 пазари. Еден од секои пет нарачани примероци е во целосно електрична верзија.
Алфа Ромео во март ја имаше најдобрата месечна продажба од јуни 2019 година наваму. Во последните седум години, италијанската премиум марка на Стелантис немала толку висок пазарен удел (0,5%) како во март 2025 година. Сите модели придонесоа да расте продажбата, од Јуниор и Тонале, до луксузните Стелвио и Џулија.
Алфа Ромео го заврши првиот квартал во 2025 година со пристоен раст, иако според обемот на продажбата пак заостанува зад останатите премиум марки. Со постојано освојување нови пазари, Алфа Ромео денес е присутна на преку 70 пазари ширум светот.
Испораките на возила напредуваа за 29% во споредба со првото тромесечје во 2024 година. Поширокиот европски пазар ги прифати новите модели Јуниор и Тонале, што се огледува во растот од 29% во продажбата во регионот. Продажбата напредува добро и на Средниот Исток и во Африка (+9%).
Големиот успех на Јуниор се темели и врз понудата од сите видови погон, почнувајќи од благ хибриден погон (145 КС), преку хибридна изведба со два електромотори и погон на сите тркала, до две електрични изведби, едната со 156, втората со 280 КС.
Март беше најдобар месец за Алфа Ромео од јуни 2019 година наваму, со продадени 8.700 возила, за 33% повеќе во споредба со истиот месец лани.
















