за

Спотот за Cupra Leon со музика од џезерот Камаси Вошингтон

Прочуениот американски џез музичар Камаси Вошингтон компонираше музика за спотот за Cupra Leon e-Hybrid, за хибридната изведба на спортскиот компакт на Шпанците.

Вошингтон го прифати предизвикот да создаде музика што ќе соодветствува со емоциите при возење на првиот модел на спортската марка Cupra со електромотор во погонот.

Кога се создава уметност, зад тоа секогаш постои некоја интересна приказна да се сподели со светот. Американскиот саксофонист и композитор Камаси Вошингтон е номиниран за награда Греми во категоријата на најдобар саундтрак за визуелен медиум, за „Becoming“. Кога од него било побарано да создаде музика за рекламниот спот за новата Cupra Leon e-Hybrid, тој ценел деке неговата музика е несоодветна за реклама.

По кусо време, Камаси се уверил дека Cupra Leon e-Hybrid, со заднината што стои зад спортската марка на Seat, со нејзините вредности и со карактерот, исто така се двои од главната струја и претставува нешто посебно, исто како неговата музика.

Како се роди идејата за светски познатиот џез музичар да компонира саундтрак за автомобилска реклама?

Вошингтон, родум од Лос Анџелес, во фамилија на музичари, е светски прочуен саксофонист кој се издвојува со сопствените џез композиции. Токму таа посебност на мелодиите беше главна причина за Cupra да го ангажира Камаси да ја компонира носечката музика за рекламата за првиот модел на марката. „Ми кажаа дека сакаат нешто многу необично, со многу енергија“, раскажува музичарот. „Јас на тоа реагирав: Хм, ок. Такво нешто не се слуша често во рекламите.“ Секако дека музичарот го прифати предизвикот.

За начинот на кој Камаси ја наоѓа инспирацијата: „Обично само посегнувам во празнината, обидувајќи се да пронајдам нешто ѓшто не сум знаел дека постои“. За новиот предизвик, џезерот се посветил да ги „преточи во звук емоциите кои му биле опишани преку зборови“, за на тој начин да се поттикнат емоциите при гледањето на спотот.

Секако дека и Ковид-19 остави траги во начинот на создавање на музиката, додека Камаси се наоѓал во Амстердам, а целиот негов бенд останал во Лоџ Анџелес: „Претходно немаме создавано музика преку видеоконференција, кога таму беше шест часот навечер, кај мене беше три часот наутро“

Тест: Seat Leon 1.5 eTSI FR

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi outlander 2021

Новиот Mitsubishi Outlander е „и-фу-до-до“

ford келн електрични автомобили

Ford вложува милијарда во Келн, ќе произведува верзија на VW ID.3