за

Ford вложува милијарда во Келн, ќе произведува верзија на VW ID.3

Ford вложува една милијарда долари во своето европско седиште во Келн и во 2023 година ќе започне да произведува волуменски модел со погон на струја и техника од Volkswagen.

ford келн електрични автомобили

Ford е меѓу последните големи производители на автомобили што во Европа го свртуваат кормилото во насока на електричниот погон. Во европското седиште на компанијата во Келн, во 2023 година ќе започне пропизводството на првиот волуменски модел на Ford со електричен погон.

Електричниот автомобил на Ford ќе ја користи платформата MEB на Volkswagen. Американскиот концерн официјално го соопшти тоа денес, откако извесен период се шпекулираше околу одлуката.

За фабриката да се префрли на производство на електрични возила, во Келн се вложуваат повеќе од една милијарда долари. Индустрискиот комплекс во Келн во иднина ќе се води како „Ford Cologne Electrification Center“. Центарот ќе има водечка улога во концернот, во насока на забрзаната електрификција на понудата од автомобили на Ford.

Премиерот на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, во заедничка онлајн-конференција за медиуми со европскиот шеф на Ford, Стјуарт Раули и шефот на Ford во Германија, Гунар Херман, најави нова ера за Ford во Германија. „Тоа што некогаш го забораваат на автомобилските конгреси во Берлин: Автомобилска индустрија во Германија не постои само во Баварија, Баден Биртемберг и Долна Саксонија“, додаде премиерот на покраината во којашто се наоѓа фабриката на Ford.

Европскиот шеф Раули изјави дека во Ford се размислува во фабриката во Келн да се произведува уште еден модел со чисто електричен погон. Повеќе детали околу тој модел, шефот не наведе.

Најголемиот дел од продукцијата во Келн моментно отпаѓа на Fiesta. Ford не посочи што ќе се случува во иднина со производството на Fiesta во Келн. Градскиот автомобил му носи мала маржа на Ford и можно е неговото производство да се пресели надвор од Германија. Актуелната генерација ќе се произведува до 2024 година, што значи дека паралелното производство на Fiesta и на идниот електричен модел во Келн би траело околу една година.

Во фабриката на Ford во Келн моментно работат 7.000 лица. Вклучувајќи ги фабриката за мотори и погоните на добавувачите, за фабриката моментно работат околу 18.000 лица.

Германскиот шеф Херман цени дека бројот на вработени лица би можело да се зголемува во иднина, доколку моделите што се произведуваат во Келн постигнат поголем пазарен успех. Раули не наведе конкретен број, но посочи на договорот за соработка со Volkswagen. Според него, Ford од 2023 до 2029 година ќе произведе околу 600.000 возила врз основа на платформата MEB.

Од 2024 година, купувачите на автомобил од Ford ќе имаат избор од најмалку една варијанта со електричен погон во секоја моделска серија, со приклучен хибрид или со чисто погон на струја. По 2030 година, сите модели ќе почнат да возат на струја.

Истото важи и за доставните возила, како пазарен сегмент во којшто Ford постигнува мошпне солидна продажба. По 2030, две третини од сите моделски изведби Transit & Co ќе возат или чисто на струја или како приклучен хибрид.

https://www.instagram.com/p/CKvRlcJBAet/

>>> Volkswagen го потпиша договорот за соработка со Ford

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спотот за Cupra Leon со музика од џезерот Камаси Вошингтон

Фабриката на Jaguar Land Rover ќе остане затворена до август

Зимското невреме во САД ги запре автомобилските фабрики