за

Cupra подготвува наследник на Ateca, дизајнот различен од Seat

Спортската марка на Seat ќе ја замени сегашната Cupra Ateca со нов СУВ со каросерија што ќе има различен дизајн од моделите на матичната марка, по пример на Formentor.

Шпанците дадоа убав пример со Cupra Formentor, како марката во иднина ќе развива сопствен дизајн на своите модели, различен од моделите на Seat. Следна е на ред Cupra Ateca, којашто ќе биде претставена во 2024 година. Нормално, во погонот на секоја моделска изведба ќе има електромотор.

Cupra ќе ја прошири својата понуда од модели со електрифицирана погонска спрега, со комплетно нов СУВ модел од компакт класата. Моделот на местото на сегашната Cupra Ateca, којашто користи каросерија и кокпит што се идентични со Seat Ateca, ќе има различен дизајн, а заедничка со останатите модели на концернот VW ќе биде „само“ платформата.

Шпанската спортска марка што е издвоена покрај Seat, за новиот модел најавува повеќе видови погон, вклучувајќи благ хибрид, а тоа значи дека ќе има стартер-генератор во замена на класичен стартер (народски алансер, поточно анласер), како и верзии со приклучен хибриден погон. Во вториов случај, идниот СУВ ќе постигнува досег до 100 километри чисто на струја.

Дизајнот на уште неименуваниот нов СУВ ќе продолжи во правецот што го постави Formentor, со нагласок на спортските перформанси и премиум имиџот. Каросеријата ќе биде долга околу 4,5 метри и ќе ги нуди сите функционалност и практични квалитети како класичните СУВ-модели во компакт класата.

Нова технологија во приклучниот хибриден погон ќе овозможи досег до 100 километри само на струја. Производството на моделот ќе се одвива заедно со Audi Q3 Sportback во фабриката на Audi во Ѓер, Унгарија.

Фудбалерите на Барса возат Cupra, најомилена е Formentor

Сите модели на Seat што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=seat

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Првиот триумф на новиот Kia Sportage: Поевтин и поопремен од Hyundai Tucson

Toyota ја најавува GR Corolla, но многу тајно